Ана Павловска – мастер за изработка на нокти: „Не треба да се прави пауза од правење нокти, не пречи честото печење“

Како се препознава квалитетен маникир? Кои се најчестите грешки на недоволно едуцираните техничари?

Во Македонија има многу погрешно толкување за тоа што е квалитетен маникир. Голем процент од клиентите мислат дека квалитетен маникир е ако ноктите „издржат“ по месец и половина до два.

Тие тогаш се толку среќни дека нивните нокти издржале па така нивниот техничар го дефинираат како најдобар. Тоа е најлошиот кошмар за дефинирање на еден артист дефинитивно.

Квалитетен маникир е изработка која првенствено има свои критериуми. Има точно одредена форма којашто треба да се следи, точно утврдени правила на турпијање, рамномерни латерални страни и свиткани арки… точно определени C и S криви.

Кога сите овие параметри ќе бидат исполнети, зборуваме за квалитетен маникир којшто да надополнам е уредно да се носи 3 до максимум 4 недели.

Сè после таа временска должина изгледа неуредно.

ana-pavlovska-master-za-izrabotka-na-nokti-ne-treba-da-se-pravi-pauza-od-pravenje-nokti-ne-prechi-chestoto-pechenje-21_copy.jpg

Кои се најчестите проблеми/болести со ноктите и кожата кои може да се случат како последица од правење нокти?

Имаме 4 типа на проблеми од коишто можат да произлезат последици.

Во првата категорија спаѓаат клиенти на коишто им е неадекватно аплициран материјалот кој понатаму резултира со лифтинг, па се случуваат несакани последици.

Втората категорија се клиенти кои едноставно не знаат да носат нокти па ги користат како алатки за работа – материјалот се одвојува и развива процес.

Третата категорија се артисти кои работат со нестерилизиран алат па предизвикуваат бактериски или вирусен проблем.

И четвртата категорија се артисти кои неумешно аплицираат материјал кој доведува до преизложеност на самиот материјал од кој се развиваат алергиски реакции.

На секој поквалитетен материјал точно е наведено дека истиот служи за апликација на ноктна плоча, а не за кожа. Тоа е многу важна ставка во аплицирањето, која треба многу да се почитува.

Четките треба соодветно да се третираат и бришат од бришачи, а не од рака или дел од телото. Во принцип од недоволна и несоодветна едукација може да произлезат многу проблеми кои го загрозуваат нашиот и животот на клиентот.

Еднаш развиена алергиска реакција не се лекува апсолутно никогаш. Може да се повлече со соодветно лекување меѓутоа никогаш нема да биде излечена.

Телото помни, а во нашите производи има одреден процент на акрилати кои се употребуваат во стоматологијата… па една интервенција може многу да нè чини.

ana-pavlovska-master-za-izrabotka-na-nokti-ne-treba-da-se-pravi-pauza-od-pravenje-nokti-ne-prechi-chestoto-pechenje-04.jpg

Постојат ли нереални желби од клиентките или нема нешто што не може да се изведе?

Во принцип работам многу креативна работа и можам буквално да ги исполнам сите желби на клиентите. Тоа е предизвик којшто го работам со многу љубов.

Во студио имам многу пријатна атмосфера каде што не дозволувам ниеден клиент или студент да се почувствува недобредојдено.

Моите клиенти некогаш навистина имаат неочекувани барања ама јас се чувствувам многу мотивирано тогаш, затоа што тоа ќе биде уште еден многу оригинален сет нокти.

Истото го правам и на едукациите. Се обидувам да ги мотивирам моите студенти да ја извлечеме целата фантазија и да можеме да креираме уметност. Уметноста нема граници!

ana-pavlovska-master-za-izrabotka-na-nokti-ne-treba-da-se-pravi-pauza-od-pravenje-nokti-ne-prechi-chestoto-pechenje-15.jpg

Како функционира тренинг центарот? Што поточно се учи?

X-Treme Academy функционира по точно испланирана слика за тоа како треба да изгледа една Академија, со одлична постава на тим, со продукциска куќа и Бренд менаџер без кој не можам ни да ја замислам целата слика.

Секој е задолжен за својот дел и тоа веднаш го забележаа и клиентите и студентите. Работиме многу на нашиот маркетинг па така X-Treme Academy прерасна во препознатлив бренд на балканските простори, а сега веќе работиме и за пошироко.

Внатре во самата Академија имаме специјализирани авторски програми на преку 50 едукации и секој издаден сертификат ни е со свој интернационален број и холограмски жиг за оригиналност авторизиран од Светската федерација.

Гордост ми е Академијата… Започнав пред 15 години толку невино во овој бизнис и како и секој сонував за тој „што ако еден ден…“

Искрено не очекував дека ќе се развие до ваков степен каде на годишно ниво имаме околу 2000 луѓе. Работиме како тим континуирано и со апсолутна креативност.

Благодарна сум за сè што досега постигнавме.

ana-pavlovska-master-za-izrabotka-na-nokti-ne-treba-da-se-pravi-pauza-od-pravenje-nokti-ne-prechi-chestoto-pechenje-56.jpg

Како изгледаат натпреварите на кои сте учествувале? За што поточно се и колку награди имате освоено? На што сте најгорда?

Натпреварите се неизоставен дел од мојот живот. Имам активно 10-годишно искуство во тоа поле каде што се натпреварував како ветеран во повеќе категории.

Тоа е аспирација која не може да се опише со зборови. Тоа е жар… борба и упорност. Никогаш не ми беше мото: Важно е да учествувам! Моето мото беше: Оди - бори се и победи!

Тоа е нешто на коешто ги учам и девојките од мојот тим за натпревари којшто датира од 2019 година.

Крајот на 2018 година по целиот успех којшто го постигнав на натпреварите по своја желба одлучив да полагам интернационален испит за судија на натпреварите.

Менторот кој ме водеше низ годините, познатиот Италијанец Марко Б. често ми велеше треба да се престане кога си на врвот… Благодарение на него во својата историја запишав многу први и втори места.

Сите натпревари ми се многу важни затоа што ме изградиле како личност… како техничар и како артист.

Секој пехар поединечно ми буди низа убави спомени… адреналин и остварување на еден голем сон. Последниот натпревар ми беше набрзо по починувањето на мојот ментор каде ја добив титулата за Глобален Светски WWIE шампион во француски маникир.

ana-pavlovska-master-za-izrabotka-na-nokti-ne-treba-da-se-pravi-pauza-od-pravenje-nokti-ne-prechi-chestoto-pechenje-19.jpg

Знаев дека тука треба да застанам и да бидам благодарна што успеав. Сега судам неколку натпревари и работам многу напорно со мојот тим за натпревари за да можат и тие да се остварат како артисти.

Натпреварите сами по себе се многу стресни и полни со адреналин и не се за тие со слабо срце.

Поготово не за тие што не се спремни да работат 24/7 и да го истават срцето таму.

ana-pavlovska-master-za-izrabotka-na-nokti-ne-treba-da-se-pravi-pauza-od-pravenje-nokti-ne-prechi-chestoto-pechenje-08.jpg

Дали има луѓе кои едноставно не се родени за оваа работа, кои и покрај обуката, не успеале да се усовршат во изработка на нокти?

На едукациите може да се пријави секој кој сака. Мојата работа е преку соодветен психолошки пристап да ја канализираме целата енергија и точно да утврдиме каде сме и за што сме.

Да, постојат студенти кои едноставно ја немаат таа моторика на рацете меѓутоа сигурна сум дека по сите долги разговори се наоѓа начин да сфатиме дека имаат некоја друга специјалност.

Треба да ја сакаме работата, а не истата да ни претставува нервоза. Како викаат поискусните: сакај ја својата работа и нема да работиш ниту еден ден во животот.

ana-pavlovska-master-za-izrabotka-na-nokti-ne-treba-da-se-pravi-pauza-od-pravenje-nokti-ne-prechi-chestoto-pechenje23.jpg

Кои барања од клиентките најмногу ви пречат? Што никогаш не треба да правиме и бараме додека сме на маникир?

Кога ќе изградиме стабилен однос во нашата работа и ќе имаме став никогаш нема да дојде до барања што ни пречат од клиентите.

Во изминативе години освен мојот влог во работата посветив многу време на влог во себе… работејќи многу на мојот однос со клиентите.

Многу ми е драго што ми пристапуваат со респект вреднувајќи ја мојата работа.

Тотално се опуштени па дури и оние кои доаѓаат првпат. Многу често слушам дека им доаѓам како психотерапија. Ги сакам и ги ценам многу моите клиенти.

Тие ми се како семејство… двојат од своето време да дојдат и да носат мои креации.

ana-pavlovska-master-za-izrabotka-na-nokti-ne-treba-da-se-pravi-pauza-od-pravenje-nokti-ne-prechi-chestoto-pechenje-06.jpg

Со кои познати дами работите? Колку често сценските личности ги менуваат ноктите и дали честото менување и печење претставува проблем?

Работам со многу од познатите личности и сите ми се посебно драги… голем дел од нив ми се и приватно пријатели меѓутоа тоа не прави воопшто поделба во мојата работа.

Професионалноста е рамномерна со сите мои клиенти… јас сакам сите да носат нокти со потпис во перфектна изработка 😊

За разлика од другите клиенти, сценските изведувачи ги менуваат ноктите во зависност од настанот или спотот ако се снима или сл.

Сè додека се запазуваат критериумите за изработка нема никаков проблем во честото менување на ноктите.

ana-pavlovska-master-za-izrabotka-na-nokti-ne-treba-da-se-pravi-pauza-od-pravenje-nokti-ne-prechi-chestoto-pechenje--.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Никола од Струмица прави ремек-дела од торти: „Имаме направено торта висока 3 метри – ја подготвував... „Еднаш правевме голема свадбена торта за во Струга и при транспорт, се оштети де...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg