Битолчанката Тања изработува ремек-дела со срмен конец: „Најбарана е иконата со Света Богородица“
Може ли да ни кажете како вообичаено ви започнува работниот ден? Имате ли некој ритуал пред да почнете да работите?
Откако ќе ги завршам утринските обврски околу моите ќерки, работниот ден ми започнува со позитивна мисла, молитва и шолја кафе, а често друштво ми прави добра музика.
Може ли во Македонија да се живее само од изработка на икони или е неопходно да имате и друга постојана работа?
Мојот сопруг е сопственик на бизнис од кој фамилијарно егзистираме, а изработката на иконите е мое лично хоби со кое само се надополнува домашниот буџет.
Која икона ви била најголем предизвик до сега?
Најголем предизвик ми беше изработката за манастирот Свети Јован Канео.
За која икона најчесто добивате нарачки? Која е најбараната икона?
Најчести порачки добивам за иконата Света Богородица и Исус која се смета за неутрална икона и би требало да ја има во секој дом.
За кои пригоди најчесто се купуваат икони?
Иконите се подаруваат за разни поводи: именден, слава, осветување на нов дом, роденден, и лично за себе.
Неопходно ли е да се биде голем верник за да може да се изработуваат убави црковни дела?
Љубовта кон верата и Бог е голем мотиватор за одговорноста при изработката на овие црковни дела да биде уште поголема.
И секако дека верата во оваа професија игра голема улога.
Од каде најчесто црпите инспирација за креирањето на вашата уметност?
Инспирацијата ми доаѓа сама по себе во текот на изработката, пред да седнам да ја изработам јас ни самата не знам каков ќе биде крајниот исход.
Дали освен икони сликате и друг тип уметнички дела? Кога не би сликале икони, што би сликале?
Па јас веќе кажав дека покрај филигранот најпрво почнав со квилинг техника, и мислам дека не би застанала тука.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело