Македонка која доби 2 деца со сурогат-жена: „Откако не успеа ни 7-то ин витро, со сопругот се решивме за сурогат од Украина“

Колку чини целата постапка за сурогат мајка? Дали познаваш или знаеш за други парови кои добиле дете со сурогат од Украина?

Стигнавме до реалниот и најтешкиот дел без кој не е возможно сурогатството – парите. Постапката може да чини од 33.000 до 98.000 евра. Тоа се тие финансиски пакети што ги споменав погоре.

Нас првото сурогатство нè чинеше околу 40.000 евра. 32.500 евра беше основниот пакет, со само еден обид за зачнување и во него беа вклучени агенциските услуги, трошоците за сурогат жената, раѓањето на детето и адвокатските услуги. Плус на тоа ги додавам трошоците за хормонските инјекции за мене (кои не влегуваат во пакетот), хотелите и престојот во Украина, како и авионските карти и замрзнувањето на ембрионите.

Во најскапиот пакет имате all inclusive, т.е. многу обиди за зачнување сè до реалната бременост.

Ковид пандемијата ги покачи цените секаде, па така и кај сурогатството, кое за ќерка ми нè чинеше 36.000 евра.

Но, за неа целата постапка ја водевме од Македонија, а бидејќи имавме замрзнати ембриони, немаше потреба да одиме таму. Во Харков отидовме само да си ја земеме од болница.

Има многу деца кои се добиени по пат на сурогатство во Македонија. Во моментов си се знаеме 8 пара, а уште 3 допрва ќе одат.

makedonka-koja-dobi-2-deca-so-surogat-zhena-otkako-ne-uspea-ni-7-to-in-vitro-soprugot-se-reshivme-za-surogat-od-ukraina-06_copy.jpg

Се слушаме одвреме-навреме, си праќаме слики како ни растат децата, се посетуваме за родендени, седиме на кафиња, разменуваме новости за Украина. Претходно си дававме совети кога некој одеше да си го земе детето или ја почнуваше процедурата.

Годишно, до пред војната, од Украина со сурогатство доаѓаа околу 15 деца во Македонија. Нешто помалку од Чешка, а сега е актуелна Грузија.

Инаку, сè уште ми пишуваат или ми се јавуваат жени кои се на мака и кои чуле дека имам деца по пат на сурогатство, за кое јас отворено зборувам. Бараат контакти, но, харковската област е една од најпогодените во војната и нашата агенција веќе не работи.

Неодамна барав контакт од пријателка, која има дете преку киевска агенција, за друга моја пријателка (која по рак на дојката мора да оди на сурогатство) и добив информација дека неколку агенции од Киев, каде нема воени дејствија, продолжиле да работат со сурогатство.

Сега, Македоноците повеќе одат во Грузија, во Тбилиси, каде има 2 агенции кои ги користат за посредување.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Јелена Карлеуша за CRNOBELO: „Еден ден ќе станам светска ѕвезда“ „Ника и Атина се скромни девојчиња, така ги воспитав. Пред Ника да почне да сним...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg