Македонка која доби 2 деца со сурогат-жена: „Откако не успеа ни 7-то ин витро, со сопругот се решивме за сурогат од Украина“

Дали со сопругот присуствувавте на раѓањето на децата? Дали жената сурогат веднаш го предава детето на родителите кога тоа ќе се роди или бебето поминува малку време и со вас и со неа поради доењето во првите денови?

Се разбира дека бевме таму. Кога жената влезе во 9 месец, ние веднаш заминавме за Харков. Мора со сопругот да сте таму поради документите. Тоа со предавањето на детето не е како во филмовите.

Ние не контактираме и не се знаеме со сурогатот, од проста причина за и таа да биде заштитена од нас и ние од неа. Затоа е тука агенцијата.

Дента кога син ми требаше да се роди, и мене ме примија во болница и веднаш ми го донесоа во соба. Со сурогат жената се видовме, ѝ се заблагодаривме и ѝ плативме и тука заврши сè. Иако во моментот ти се чини дека цел свет да ѝ го дадеш е малку затоа што таа жена ти износила и ти родила здраво дете.

Истото беше и со втората. Се видовме кога ја донесов облеката за ќерка ми и толку.   

Дали сте во некаков контакт со жените денес или сè завршува кога ќе се роди детето?

Не, не сме во контакт, сите наши односи завршуваат со раѓањето на нашето дете. Исклучок беше почетокот на војната во Украина, кога од агенцијата побарав број од двете жени само да се чујам како се и дали им треба некаква помош. Им помогнавме финансиски колку можевме, им понудивме да дојдат во Македонија како бегалци, а тука ќе им помогневме да се снајдат за работа.

Но, одбија. Првата ги испрати мајка ѝ и син ѝ во Крим, таму имале викендица, а самата остана во Харков заради куќата. Втората не сакаше без мажот и да оди, а бидејќи имаа воена состојба, на мажите им беше забрането да излегуваат од Украина.

Последно што знам е дека остана во областа на Харков. Потоа веќе телефоните не им функционираа.

Колку и да звучи за некого надвор од темава неетично или чудно, сурогатството е чист бизнис во Украина кој носи милионски приливи за државата.

Кога разговарав првпат со мојата агентка, ја прашав дали жените се приврзуваат за децата додека ги носат, дали имаат проблеми по породувањето и слично, бидејќи ме мачеше тоа како жена, таа ми рече дека тие знаат во што влегуваат. Со првото сурогатство обично си купуваат стан, со второто сурогатство го опремуваат и чуваат готовина за децата.

И тоа е толку нормално во нивната земја.

Но, сепак сметам дека мора да има нешто длабоко благородно и човечно во нив за да се решат да донесат нов живот за некој друг, без разлика што тоа не се нивни деца.

makedonka-koja-dobi-2-deca-so-surogat-zhena-otkako-ne-uspea-ni-7-to-in-vitro-soprugot-se-reshivme-za-surogat-od-ukraina-02.jpg

Каква е процедурата за да си дојдеш со детето дома, бидејќи е родено во друга земја? Колку е тоа проблематично од административна страна, со документи?

Воопшто не е проблематично, попросто е од вадење пасош кај нас. Сите документи адвокатот од агенцијата веќе ги има подготвено до раѓањето на детето.

Тука се договорите, потврдата од клиниката дека е користен наш генетски материјал, испис од болница, потврда дека сте ѝ платиле сè на сурогат жената, копија од пасошите за влез во Украина за време на раѓањето на вашето дете и извод од книгата на венчани.

За 3-4 дена одите во нивното матично на родени во придружба на адвокатот, се потпишувате и толку. Следниот ден го добивате изводот на родени за вашето дете.

Сите документи ви ги преведуваат на македонски јазик, и со нив и со 2 фотографии од бебето, таткото оди во македонската амбасада во Киев. За 15 минути му издаваат документ, и следниот ден веќе може да си се вратите во Македонија.

Не можам, а да не кажам колкава помош и колкаво разбирање имавме од целиот персонал на амбасадата. Дури и амбасадорот, иако на одмор, ни го остави својот број за нешто итно ако ни треба. А вработените ни беа достапни и во недела и ноќе.

Кога ќе се навратам наназад, сурогатството е една прекрасна приказна со среќен крај. Приказна за женската солидарност, за поддршката од семејството, од сите наши пријатели и другари, за солзите радосници кога ќе чуеја дека чекаме дете, за медицинскиот напредок, за чудото наречено дете, за професионалноста што ја видовме и доживеавме во Украина.

Наскоро ќе полнам 50 години, првпат станав мајка на 46, вторпат на 48, но, ги заборавив сите неуспеси во борбата за деца. Ги паметам само убавите работи.

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Јелена Карлеуша за CRNOBELO: „Еден ден ќе станам светска ѕвезда“ „Ника и Атина се скромни девојчиња, така ги воспитав. Пред Ника да почне да сним...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg