Ноне Неделковска: „Имам морска болест, сум посетила 45 земји, а дефинитивно на брод има многу разврат“
Каде живеат најубавите мажи?
Секаде ги има.
Каде живеат најљубезните луѓе?
Куба! Пријатно се чувствував таму, почувствував искрени насмевки и љубезност.
Каде има највкусна храна?
Бидејќи не јадам морска храна и малку сум специфична и едноставна во тој поглед, би рекла Италија заради добра пица и тестенини.
Каде бракот не е на цена, а каде луѓето се традиционални во овој поглед?
Па, дефинитивно во Индија сè уште постои тој договорен брак уште додека се млади, гледам дека и го почитуваат, па не се впуштаат во некои авантури додека се на брод (има исклучоци).
А Италијанците се прави заводници и ништо не ги спречува за провод.
Најубавите плажи на светот се во …
Мислам дека сè уште не сум била на најубавите плажи во светот, но од оние што сум била би издвоила Палма Де Мајорка, Јамајка и Бахами.
Најубав град на светот е …
Има уште мнооогу градови непосетени, но за сега би го издвоила Фуншал, имам премногу спомени од таму.
Уште колку време би го работела ова? Каде се гледаш за 10 години од сега?
Ме фати еден период криза и реков доста е. Ама секогаш кога ќе си дојдев дома после месец ипол сакав да си одам. Така што немам конкретен одговор.
За десет години здравје Боже се гледам со две дечиња, среќна мајка и сопруга.
Те „зароби“ ли короната во Македонија или ти годеше времето минато дома?
Каде и да бев ќе бев заробена, така што драго ми е што сум барем дома.
Уште фотки од нејзините патувања:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:


