Работи кои прават домот да ви изгледа демоде и непривлечно
Расфрлани чевли пред влезната врата
Овој детаљ секогаш ќе ја нарушува пријатната атмосфера во вашиот дом. Нема потреба да купувате плакар за чевли – доволно е да најдете некоја поевтина полица со која ќе воспоставите ред во ходникот.
Растенија во пластични садови од храна
Кога мора да пресадите нешто, а при рака немате саксија, нормално дека ќе искористите некој пластичен сад. Но, ова е уште еден детаљ што го „убива“ комфорот во домот.
Стари украси
Со текот на времето, сите собираме бројни украси низ домот – нешто сме купиле сами, нешто ни подариле… Но, многуте украси на полиците не изгледаат воопшто добро. Затоа, ослободете се од оние што не ви требаат и што немаат никакво значење за вас и веднаш ќе забележите разлика.
Старомодни ѕидни часовници
Можеби некогаш овие часовници биле популарни, но денес се само кич. Вашиот дом ќе изгледа многу поудобно ако го замените овој часовник со некој минималистички.
Играчки на креветите
Ако немате мали деца, нема потреба да редите играчки во дневната соба, бидејќи овој детаљ може да го уништи целиот ентериер.
Спирова С. | Црнобело