Работи кои прават домот да ви изгледа демоде и непривлечно
Не е лесно да направите топол и удобен дом, но секогаш постојат трикови што ќе ви помогнат побрзо да го добиете посакуваниот резултат.
Покрај одбирањето покуќнина и декорации, некогаш треба и да се ослободите од некои работи за да го направите домот удобен. Најчесто ова се работи кои само непотребно зафаќаат место, притоа уништувајќи го целиот ентериер.
Погледнете кои предмети во домот не ви дозволуваат да создадете топла и пријатна атмосфера:
Пластични садови
Пластичните садови се евтини и издржливи, но речиси никогаш не изгледаат убаво. Истовремено, бројни истражувања покажале дека хемикалиите што се користат за изработка на пластиката се токсични и можат да предизвикаат разни проблеми со здравјето. Што значи, пластиката не е добар материјал за храна.
Затоа подобро вложете во керамички садови што ќе ви траат долго и што изгледаат многу подобро.
Рамки со многу бои и детали
Овие рамки целосно ќе го одвлечат вниманието од фотографиите во нив, а поради многуте бои и шари, тешко дека ќе се вклопат во ентериерот. Најдобро е да купувате „обични“ рамки кои изгледаат поубаво, но и најчесто се поевтини.
Жици и кабли што се гледаат
Расфрланите жици и кабли секогаш ќе прават домот да изгледа неуредно. Затоа, обидете се да ги скриете.
Полици со стакло
Во минатото овие полици беа навистина популарни, па доста често се сретнуваат и денес. Иако можеби стаклената врата го спречува собирањето прашина, доволно е да го допрете стаклото само еднаш, за на него да останат отпечатоци. Бришењето прашина од полиците е многу полесно отколку секој ден да го чистите стаклото, а и полиците ќе изгледаат многу подобро без него.
Вештачко овошје и зеленчук
Бидејќи дома сигурно имате свежи овошје и зеленчук, нема потреба да го „украсувате“ домот со вештачки. Овие украси секогаш изгледаат „евтино“ и само непотребно собираат прашина.