10 стереотипи заради кои вашиот дом изгледа здодевно и застарено

Трпезариска маса со исти столчиња

Сметајте дека дури и сите 6 столчиња покрај трпезариската маса да ви се различни, сте постигнале успех во поглед на уредувањето на домот.

Можете да си играте со обликот, текстурата, како и боите на столчињата, а масата да биде изработена од сосема друг тип на материјал.

Надминете ја униформноста на мебелот. Бидете храбри.

10-stereotipi-sto-pravat-vasiot-dom-da-izgleda-dosadno-i-zastareno (6).jpg

Премногу масивен мебел

Веќе го споменавме седмоседот, класичните гарнитури, габаритните клуб маси.

 Новите трендови диктираат прави, чисти линии и едноставни дезени, како и нормална па дури и минимализирана големина на мебелот.

Никој повеќе не ужива во масивни парчиња мебел кои зафаќаат премногу простор.

10-stereotipi-sto-pravat-vasiot-dom-da-izgleda-dosadno-i-zastareno (5).jpg

Шарени детски соби по секоја цена

Само затоа што станува збор за детска соба, не значи дека таа по секоја цена мора да биде царство на шаренилото.

И децата уживаат во чист светол простор, исполнет со цртежи и играчки кои не мора баш да ја имаат секоја боја на виножитото.

10-stereotipi-sto-pravat-vasiot-dom-da-izgleda-dosadno-i-zastareno (4).jpg

Одбегнување на бетонот како многу груб материјал

Всушност, бетонот си го пронајде своето место во уредувањето на многу простории, особено во бањите. А зошто не би било така, кога е економично решение кое лесно се одржува и е отпорно на вода и влага.

10-stereotipi-sto-pravat-vasiot-dom-da-izgleda-dosadno-i-zastareno (3).jpg

Го заборавате парапетот покрај прозорците

Ставете тули или некоја добро обработена штица на парапетот покрај прозорците.

Тие ќе им дадат пософистициран, посвеж изглед, а секако покрај декоративна ќе имаат и практична намена, каде што може да ставите книги, некој невообичаен украс или саксиско цвеќе.

10-stereotipi-sto-pravat-vasiot-dom-da-izgleda-dosadno-i-zastareno (1).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
7 предмети кои ќе му дадат доза на луксуз и на наједноставно уредениот дом Апстрактна слика во 2 или 3 дела за луксузен изглед на домот, необичен раскошен ...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg