10 стереотипи заради кои вашиот дом изгледа здодевно и застарено

Понекогаш ни е премногу тешко да се простиме од одредено парче мебел, кое колку и да е старо, сепак е здраво.

10-stereotipi-zaradi-koi-vasiot-dom-izgleda-dosadno-i-zastareno-01.jpg

Но, имајте превид дека трендовите на внатрешниот ентериер постојано се менуваат. Доколку премногу долго се задржите на едни исти парчиња мебел или ист уредувачки тренд, вашиот дом ќе изгледа ветво и застарено.

Кои утврдени стереотипи за уредување на домот прават го прават вашиот омилен простор безживотен?

Ние имаме 10 предлози кои треба да ги смените во најбрз можен рок:

Идентична гарнитура и фотелји

Секако, ова не значи дека треба да го фрлите вашиот седмосед. 

Но, размислете колку би било подобро ако еден дел претапацирате во сосема поинаков материјал и дезен или пак, да додадете фотелји во различен стил и боја од гарнитурата за седење.

Инстантно ќе го освежите вашиот дом, правејќи го шик и стилски.

10-stereotipi-sto-pravat-vasiot-dom-da-izgleda-dosadno-i-zastareno (2).jpg

Сет од 2 исти парчиња мебел во спалните соби

Две идентични ноќни масички. Две исти вазни, два идентични украси. Заборавете на редот и симетријата.

Намерно одберете 2 парчиња мебел кои ќе бидат слични, но различни. Ќе се надополнуваат едно со друго, но нема да се идентични.

Не ѝ робувајте на симетријата, ниту на строго утврдените парчиња мебел, како гореспоменатите ноќни масички.

Наместо тоа, може да ставите и мебел изработен од алтернативен материјал, како палети, жици или гума.

10-stereotipi-sto-pravat-vasiot-dom-da-izgleda-dosadno-i-zastareno (10).jpg

Ѕидови во различни бои

Имаше еден период кога сите ги потенциравме ѕидовите во собите со различни бои, па дури и таваните, одбегнувајќи ја белата боја по секоја цена.

Сметавме дека е досадна, но нема ништо досадно во белите чисти ѕидови.

Напротив, тие визуелно го зголемуваат просторот, правејќи го простран и почист. 

Она што ќе ја освежи собата се додатоците кои треба да ги изберете со внимание и кои ќе го рефлектираат добриот вкус.

10-stereotipi-sto-pravat-vasiot-dom-da-izgleda-dosadno-i-zastareno (9).jpg

Мебел залепен до ѕидовите

Доколку собата навистина ви е премала, најчесто мебелот се „лепи“ до ѕидот за да не изгледа пренатрупана.

Но, кога имате повеќе простор, слободно може да ги разместите парчињата мебел низ целата просторија, со акцент на средината на собата.

10-stereotipi-sto-pravat-vasiot-dom-da-izgleda-dosadno-i-zastareno (8).jpg

Обични плочки во бањата

Има толку многу решенија како да ги покриете ѕидовите во бањата – од мозаици, до калено боено стакло, водоотпорни тапети, материјали кои имитираат дрво, бетон, природен камен.

Не се ограничувајте само на старите добри досадни плочки.

10-stereotipi-sto-pravat-vasiot-dom-da-izgleda-dosadno-i-zastareno (7).jpg

Уште 5 стереотипи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
7 предмети кои ќе му дадат доза на луксуз и на наједноставно уредениот дом Апстрактна слика во 2 или 3 дела за луксузен изглед на домот, необичен раскошен ...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg