27 прекрасни идеи за уредување на поткровјето
Доколку ви недостигаат квадратни метри во вашиот дом, има решение.
Поткровјето може да го претворите во главна спална или пак во одличен дневен престој со само малку труд и креативност.
Закосените ѕидови нека не ве плашат, бидејќи со добар распоред на мебелот просторот може одлично да се искористи. Можете ѕидовите да ги оставите бели, но да направите топла и удобна соба за спиење со додавање на прекривки со ефектен принт.
Авантуристите пак, можат таванот да го претворат во вистинска игротека. Со мебел во силни бои просторот може да зрачи со среќа. Додадете и мек шарен тепих и гостите нема да сакаат да си заминат.
Оние со попрефинет вкус може да направат рустичен амбиент со кревети од дрво и храбри тапети на ѕидовите. Со тапетите може да ја нагласите формата на одредени закосени ѕидови. Земете го предвид цветниот дезен.
Погледнете ги овие интересни идеи за уредување на поткровјето:
С. С. | Црнобело