На гости кај водителот Миро Кацаров: Стан во Скопје со смела комбинација на стилови (фото)
- Детали
- сабота, 06 ноември 2021
„Стилот не е минималистички, ниту индустриски, ниту не знам што конкретно, намерно сакав да измешам со стилови за да ми се даде некоја нова енергија во домот или да почувствувам нови вибрации“, открива Миро Кацаров за CRNOBELO.com.
Водителот Миро Кацаров периодов е актуелен како еден од домаќините на емисијата „Голден Карпет“ на Канал 5 телевизија. Инаку е дипломиран политиколог и магистер по арт и дизајн.
Со јавна професија се занимава уште од 2008 година. Има освоено две Златни бубамари со Бекстејџ, две признанија за најдобро облечен водител итн. Вели дека има преку илјадници минути на ТВ досега, над стотици интервјуа со најголемите ѕвезди од Балканот, Европа и светот.
фото: Инстаграм Миро Кацаров
Живее во стан во скопската населба Кисела Вода, со површина од 50 метри квадратни.
За уредувањето на станот тој открива за CRNOBELO.com:
„Идејата беше лично моја бидејќи го купив во 2012 година наместен, па време беше да сменам нешто во него бидејќи и модата од тогаш, па до денес е сменета.
Не размислував многу затоа што знаев што сакам да променам, а тоа беше гарнитурата, ѕидовите, сликите, лустерите, односно сакав да ми се отвори повеќе простор во станот.
Стилот не е минималистички, ниту индустриски, ниту не знам што конкретно, намерно сакав да измешам со стилови за да ми се даде некоја нова енергија во домот или да почувствувам нови вибрации.
Немам омилено катче, но честер гарнитурата ми е омилена кога ќе си дојдам од снимања и тренинг и ќе лежам на неа и ќе гледам фудбал.