Гастрономска прошетка: Најпопуларните ресторани во Париз

Кога Париз е во прашање, ретко дека можете да згрешите со нешто.

gastronomska-proshetka-najpopularnite-restorani-vo-pariz-01.jpg

Магијата на овој град е во секое негово ќоше. Каде и да се свртите, ќе налетате на инспиративни места, интересни куќи и згради и прекрасни ресторани со исто толку убав ентериер, колку и вкусна храна.

Секоја година листата на најпопуларни ресторани се менува, но постојат места кои остануваат да важат како најдобри.

Во продолжение погледнете ги најактуелните ресторани во Париз во секоја доба од годината:

Anahi

Популарниот Anahi конечно е повторно отворен. Љубителите на добрата храна повторно уживаат во прекрасните специјалитети во одличен амбиент. Ентериерот е направен во типичен Париски стил, со комбинација од  материјали како што е дрво, мермер и кожа.

gastronomska-proshetka-najpopularnite-restorani-vo-pariz-02.jpg

Balagan

Храната во овој ресторан е микс од европска и израелска кујна, па на менито се нудат сладолед на жар, ќебапи и егзотично рижото. Ентериерот е во јаки бои кои ги одразуваат различните култури на храната што се нуди.

gastronomska-proshetka-najpopularnite-restorani-vo-pariz-03.jpg

Pink Mamma

Насловот звучи интересно, зарем не? А внатре е уште поинтересно. Четири ката и четири различни амбиенти. Тука има за секого по нешто, а задолжителни се вкусните коктели по јадењето.

gastronomska-proshetka-najpopularnite-restorani-vo-pariz-04.jpg

Pirouette

Мисијата на овој ресторан е преку храната да раскаже приказни, па тука оброците се навистина поетични и естетски убави. Уреден е во типичен француски стил, со мала тераса која гледа кон плоштадот Les Halles.

gastronomska-proshetka-najpopularnite-restorani-vo-pariz-05.jpg

Aspic

За многу луѓе кои го посетиле Париз, токму Aspic им оставил најголем впечаток. Интимна атмосфера, љубезен персонал и вкусна храна се комплименти кои секогаш ги добива овој легендарен париски ресторан.

gastronomska-proshetka-najpopularnite-restorani-vo-pariz-06.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 ресторани во Ниш за викенд ручек (со врвна скара и дуњовача) Ммм, одлична скара и ракија од дуња... Звучи привлечно, зарем не? Ајде на викенд...
Кафулиња, лаунџ барови и ресторани кои вреди да се посетат во Охрид Кул локали за кафе со интересен ентериер, лаунџ барови со вкусни пијалаци и хран...
6 ресторани во природа низ Македонија за совршен викенд ручек Од локали ѕидани од камен во чиј ентериер е вложено навистина многу до локали на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg