Романтика во 53м2: Ѕирнете во најмалиот хотел на светот

Малите куќи, станови и простори си имаат свои предности ако се паметно осмислени. Ако сакате ваков концепт, ќе се заљубите во хотелот Eh'häusl во Амберг, Германија.

romantika-vo-53-m2-dzirnete-vo-najmaliot-hotel-na-svetot-01.jpg

Со површина од само 53 метри квадратни, овој хотел го држи рекордот за најмалиот хотел на светот во Гинисовата книга на рекорди. Целата зграда е широка само 2,5 метри, простор во кој навидум е невозможно да се смести хотел со соби.

Името на хотелот се преведува како „брачен хотел“ што значи дека хотелот нуди одлично романтично сместување за љубовни двојки.

Хотелот е изграден во далечната 1728 година. Во тоа време, младите кои сакале да стапат во брак требало да поднесат доказ дека поседуваат имот во градот Амберг. Младоженецот пронашол дворно место помеѓу два имоти, го купил, ставил покрив и ѕидови и му дозволиле да се ожени со неговата девојка.

Едно ноќевање во овој хотел чини 240 евра, а на следниве фотографии можете да видите како изгледа хотелот Eh'häusl:

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најмагично украсени локали низ Македонија: Спектакуларни елки, сијалички, мечиња Ако сакате да посетите место кое потсетува на новогодишна бајка, каде треба да п...
Предлог места во Македонија за продолжен викенд (каде може и да преспиете) Продолжените викенди се посебен тип на уживање, зарем не? Особено ако ги минеме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg