„Вечен пламен“ или Calathea crocata – саксиско цвеќе кое не може да го „умрат“ ниту најнеодговорните (фото)

Доколку сте од оние кои „умираат“ цвеќиња и за себе мислите дека не можете да одржите дури ниту еден кактус во живот, можеби треба да ѝ дадете шанса на Calathea crocata.

Vechen-plamen-Calathea-Crocata-01.jpg

Името „Вечен пламен“ потекнува од жолто-портокаловите бои на цветот. Тие растат на тенки стебла во вид на прачки, издигнувајќи се повисоко од лисјата.

Цветовите траат 2-3 месеци. Но, дури и без цветот, Calathea Crocata изгледа спектакуларно.

Ова цвеќе малку наликува на вештачко. Листовите се сјајни, а цветовите се со по малку „гумен“ изглед поради својата цврстина и интензивна, портокалова боја.

Добрата вест е што не бара директна сончева светлина, туку дискретно сонце. Најдобро вирее на температура од 16-25 степени, а во текот на зимата бара полевање само еднаш неделно.

Во текот на летниот период се полева 2-3 пати неделно, но не со преголема количина на вода.

Погледнете како изгледа цветниот „Вечен пламен“:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg