Што имаат заедничко среќните луѓе?
Научени сме дека не постои формула која можеме да ја примениме за да бидеме среќни. Меѓутоа новите научни истражувања се обидуваат да не уверат во тоа дека формула на среќа сепак постои...
Од кога постои човештвото, се размислува за феноменот среќа и постојат многу теории и филозофски идеи. Во употреба се разни фрази како „прави го тоа што сакаш“, „биди задоволен со себе си“ и сл. Сепак до скоро не се правени сериони истражувања на оваа тема. Во поново време стручњаците се трудат со научна работа да ја опфатат и оваа област на човековата егзистенција. Во една студија, се обиделе да одговорат на прашањето: Што имаат заедничко среќните луѓе?
Среќните луѓе го бараат и го пронаоѓаат „златниот“ дел во себе си.
Замислете си слика на среќа. Што гледате? Најверојатно смирена личност на цветна ливада која ужива во моментот или нешто слично. Тој пасивен вид на среќа, хедонистичка или ориентирана на уживање, дефинитивно е дел на севкупната среќа.
Постои и поинаков, активен вид среќа, која е поважна - како што велат стручњаците. Се остварува кога човек се стреми кон личните способности и кон развивање на специфичните таленти и потенцијали. Аристотел го сметал овој стремеж како најважен во животот, а неговите сонародници верувале дека секое дете има некој специфичен потенцијал кој со текот на времето треба да го развие.
Овој активен вид на среќа може многу повеќе да ја задоволи личноста отколку пасивната хедонистичка среќа. Да се имаат позитивни мисли здружени со емоции и на тој начин да се постигнуваат целите - тоа е нешто што човек го прави многу среќен.
Среќните луѓе го креираат својот живот така да им донесе задоволство
Можеби ова звучи како фраза, но повеќето луѓе не резмислуваат доволно за начинот на својот живот и за тоа како го поминуваат своето време. Во рамките на едно истражување на Универзитетот во Сан Диего од испитаниците е побарано да запишат што се работат во текот на денот. Кога тоа го направиле, било очигледно дека многу работи кои ги прават не им донесуваат среќа. Таа негативна состојба може да се измени и својот живот можете да го организирате и „дизајнирате“ така да ви донесе среќа.
Првиот чекор – согледување на реалната состојба, а вториот – превземање на акција.