Правилно користете ја турпијата и уште 8 совети за здрави и цврсти нокти
Искористете ја моќта на лукот
Лукот е богат со селен – состојка што го поттикнува растот на ноктите и ги зацврстува.
Можете само да ги истриете ноктите со чешне лук, но ако мирисот ви е неподнослив, можете да си направите и купка.
Излупете две чешниња лук, изгмечете ги и оставете ги да отстојат во сад со вода околу 15 минути. Тргнете го лукот од водата и држете ги ноктите внатре 15-тина минути.
Масирајте ги дланките и прстите
Масажата на дланките и прстите може да го поттикне растот на ноктите, па кога нанесувате крем за раце, направете си и масажа.
Избегнувајте да ги користите ноктите како алатки
Сите имаме навика да ги користиме ноктите како алатки за отворање конзерви и слично. Но, со ова само ги оштетувате.
Обрнете внимание на исхраната
Разновидната и здрава исхрана е важна и за состојбата на вашите нокти.
Пробајте да внесувате храна богата со железо, калциум и витамини А и Е, како зелен лиснат зеленчук, јајца, јаткасти плодови и риба.
Доматите и маслиновото масло се одлични за ноктите
Слично како водата и лукот, и купката од домати и маслиново масло може да ги зајакне вашите нокти.
Во овој случај можете да употребите пасиран свеж домат или сос од домати, којшто ќе го измешате со малку маслиново масло.
Држете ги ноктите во смесата околу 15 минути, па темелно исплакнете со сапун и вода.
Спирова С. | Црнобело