Правилно користете ја турпијата и уште 8 совети за здрави и цврсти нокти
За здрви и цврсти нокти, еднаш неделно правете си купка со малку лук и вода. Лукот има состојка што ги зајакнува ноктите, а бидејќи ќе го измешате со вода, нема да имате проблем со непријатниот мирис.
Навистина не е потребно многу за да имате здрави и цврсти нокти. Покрај здравата исхрана, треба да обрнете внимание на некои ситници во нивната нега кои не одземаат многу време, а даваат одлични резултати.
Во продолжение девет совети кои ќе ви помогнат да ги зајакнете ноктите:
Правилно користете ја турпијата
Кога ги стругате ноктите со турпија, многу е важно да ја движите во само една насока.
Ако ги стругате ноктите движејќи ја турпијата лево-десно само ќе ги оштетите. Кога ја движите турпијата во само една насока, подобро ќе ги обликувате и ќе добиете мазен финиш.
Отстранувајте ги малите парчиња кожа
Важно е да ги отстранувате малите парчиња мртва кожа што се јавуваат покрај ноктите, но никако немојте да го правите тоа со вашите заби.
Најпрво, на прстите има многу бактерии кои не би сакале да се најдат во вашата уста. Покрај тоа, со забите лесно можете да си направите рани околу ноктите.
За оваа намена користете грицкалка за нокти која ќе ја дезинфицирате пред и откако ќе ја употребите.
Немојте постојано да носите вештачки нокти
Вештачките нокти се одличен начин да имате маникир што ќе ви трае долго, но одвреме-навреме „одморајте“ ги ноктите од ова.
Како да го поправите скршениот нокт?
Ако ви се скрши еден нокт, не мора да ги сечете сите. Наместо тоа, исечете мало парче од вреќичка чај, колку да можете да го покриете поткршениот нокт.
Ставете слој безбоен лак на ноктот (или лепак за нокти), ставете го парчето од вреќичката чај, па ставете уште еден слој лак.
Откако лакот ќе се исуши добро, можете и малку да го истругате ноктот со турпија за да го израмнети залепениот дел. Потоа само лакирајте го ноктот како и останатите.
Ноктот нема да изгледа совршено како и останатите, но овој трик ќе ви го спаси маникирот.