Магично селце на грчкиот остров Аморгос со бели градби, надополнети со експлозија од бои (фото)
На 400 метри над морето на еден од грчките острови Киклади се наоѓа ова магично селце, каде инстантно ќе посакате да отпатувате.
Хора е главното село на островот Аморгос (кој е дел од грчките острови Киклади) и кое ќе ве воодушеви со експлозијата од бои.
Градбите се бели, но насекаде има розово и црвено цвеќе, таверни со сини столчиња, чергички и што уште не.
Хора е на 400 метри надморска височина и е опкружено со ветерници.
Доминираат градби од 13-иот век, а централно место зазема прекрасната црква „Kera Leousa“.
Стрмните улички со калдрма, белите градби и шармантните ќошиња ќе направат да ви изгледа дека чекорите низ бајка.
Отпатувајте таму за миг:
https://www.instagram.com/p/CcoGRN_I3Q6/
https://www.instagram.com/p/CcXhdsTNkW0/
https://www.instagram.com/p/CaAmHAcMVK0/