„Цел живот одев во евтино сместување преку Airbnb, а сега во хотел со 5 ѕвезди - што ме изненади најмногу?“
Хотелите даваат бањарки
Во трите луксузни хотели што ги посетив имаше бањарки за гостите.
Ова е одлично бидејќи кога престојував во други хотели во зима, морав да трчам од собата до џакузито само во костим за капење на многу ниски температури.
Во луксузните хотели секоја вечер ви ја подготвуваат собата за спиење
Во сите три хотели ме прашаа дали сакам да ми ја подготват собата за спиење.
Ова подготвување вклучува местење на креветот, фрлање ѓубре, заменување на крпите, а некогаш оставаат и по некое чоколатце.
Хотелите нудат многу бесплатни работи, како автомобили и опрема за планинарење
Луксузот што го нудат хотелите со пет ѕвезди се протега и надвор од хотелската соба.
Во едниот хотел ми дадоа опрема за одење по снег, а имаше и место за бесплатно изнајмување скии. Во другите два хотела имаше бесплатни автомобили за изнајмување.
Хотелите нудеа и бројни други работи, како достава на дневен весник, лекар, дадилки…
Во хотелите со пет ѕвезди обично има ресторани и продавници
Генерално, немаше потреба да ги напуштам хотелите за време на мојот престој.
Во сите хотели имаше ресторани, и тоа некои од најдобрите во градот. Веднаш до рестораните имаше продавници, книжара, па дури и уметничка галерија.
Ќе треба да потрошите повеќе од она што сте го платиле за преноќување
Од моментот кога стигнав, во хотелите имаше личност што ми го паркира автомобилот, личност што ми ги однесе куферите во собата, хигиеничарки…
Во луксузните хотели се очекува да им дадете бакшиш на вработените, а ова набрзо може да достигне висока сума кога ќе земете предвид колку луѓе ви помагаат.
Ако можете да си дозволите, престојот во луксузен хотел е прекрасно искуство
Пред оваа авантура, ги гледав хотелите само како место за спиење. Но, сега мислењето ми се промени.
Без разлика дали си лежам во џакузито, јадам нешто вкусно во ресторанот или нарачувам нешто за во собата, самиот хотел е искуство за себе.
Сепак, луксузните хотели не можат да си ги дозволат сите, дури ни јас. Па, за следните патувања ќе си се држам до Airbnb.
Спирова С. | Црнобело