10 трендови од минатото на кои се смеевме, но постепено се враќаат во мода
Ролките без ракави ја изгубија популарноста бидејќи не се погодни за ниту една сезона. Но, бидејќи можат да изгледаат добро во комбинација со сако, повторно се враќаат на модната сцена.
фото: Инстаграм
Изминативе година-две видовме враќање на трендови за кои најмалку очекуваме, па ништо чудно наскоро да се вратат и трендовите кои сме биле сигурни дека никогаш повеќе нема да ги сакаме.
Обично ова се модни додатоци и облека кои биле популарни во 2000-тите и не само што изгледаат чудно, туку не се ни многу удобни и практични.
Дел од нив во продолжение:
Фармерки со врвки
На почетокот она 2000-тите, голем хит беа фармерките кои наместо патент и копче, имаа врвки.
Овие фармерки обично имаа и премногу низок струк.
Иако можеби ни изгледаат чудно, сега повторно стануваат популарни кај инфлуенсерките.
Блузи со исечоци на рамената
Блузите со кратки ракави и исечени рамена беа хит пред повеќе од една деценија.
Долго време не ни помислувавме на нив, но изминативе година-две низ продавниците повторно се појавуваат вакви модели.
Блузи со материјал како пуканки
Покрај тоа што изгледаат чудно и додаваат некој килограм плус, овие блузи се направени од материјал кој не е воопшто пријатен.
Но сепак, почнуваме да гледаме слични блузи кај инфлуенсерките, а овојпат попопуларни се кроп-топ моделите.
Ролка без ракави
Најчудното кај овие ролки е што не се погодни за ниту една сезона.
Но, бидејќи можат да изгледаат добро во комбинација со сако, се чини дека постепено се враќаат на модната сцена.
„Поштарска“ чанта
Големите чанти секогаш се популарни, но овој модел го гледаме со потсмев веќе извесно време.
Овие чанти имаат многу простор и можат да бидат одлични за на училиште и факултет ако треба да носите книги и тетратки.
Иако за многумина не изгледаат добро, модните експерти сметаат дека наскоро повторно ќе станат хит.