10 трендови од минатото на кои се смеевме, но постепено се враќаат во мода
Блузи со врвки или копчиња и разголен стомак
Овие модели беа омилени за девојките кои сакаа да го покажат рамниот стомак и беа голем хит во 2000-тите.
Обично се комбинираа со фармерки со низок струк кои дополнително го истакнуваат стомакот.
По повеќе од една деценија, сега ги гледаме и кај инфлуенсерките, и кај познатите дами.
Кожени панталони со дречливи бои
Црните кожени панталони се хит веќе неколку години.
А, бидејќи дречливите бои и впечатливите парчиња стануваат попопуларни, почнуваме да гледаме и кожени панталони со живи бои кај модните инфлуенсерки.
Плетени чанти
Додека чантите од материјали како слама се доста популарни за летните денови, плетените чанти од памук и слични материјали долго време не се хит.
Сепак, и ова е уште еден тренд кој изгледа дека повторно се прославува.
Бела сенка за очи
Во 2000-тите беше сосема нормално да си ставите само бела сенка.
Изминативе година-две белите сенки повторно се хит, но, за среќа, во посуптилно издание.
Белегзии со пластични монистра
Шарените белегзии со пластични монистра изгледаат многу „детинесто“, но сепак беа огромен хит во 1990-тите и 2000-тите.
Периодов повторно се враќаат во мода, но со понеутрални бои.
Спирова С. | Црнобело