Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 модни трендови од минатото на кои денес слатко се смееме

Сенки во светли бои и „пресирана“ коса, дали денес би излегле со ваков стајлинг на прошетка?

8-modni-trendovi-od-minatoto-na-koi-slatko-se-smeeme-01.jpg

Денес важат поинакви модни правила, но некогаш беа во тренд танга гаќички кои ѕиркаат од фармерките, пластични обетки и фризури со „џигерици“.

Ви звучи неверојатно  од денешна перспектива, зарем не?

Трендови од минатото на кои сега слатко се смееме:

Фризура со „џигерици“

Мажите во 80-тите беа опседнати со оваа фризура, Потстрижани кусо напред, а со долги прамени одзади.

Многумина ја носеа и подоцна, како рускиот претставник на Евровизија, Дима Билан во 2000 година.

8-modni-trendovi-od-minatoto-na-koi-slatko-se-smeeme-02.jpg

Племенски тетоважи

Племенските тетоважи беа хит во 90-тите.

Дури и во легендарниот филм „From Dusk Till Dawn“ Џорџ Клуни го видовме со таква.

8-modni-trendovi-od-minatoto-na-koi-slatko-se-smeeme-03.jpg

Тенки веѓи

Во 90-тите години, но и на почетокот од 20-тиот век тенките веѓи беа вистински хит.

Овој тренд го обожаваа и познатите дами како Кристина Агилера, Дру Баримор, Гвен Стефани.

8-modni-trendovi-od-minatoto-na-koi-slatko-se-smeeme-04.jpg

Сенки во светли бои

Во 80-тите дизајнерите не експериментираа само со облеката, туку и со шминката.

Актуелни беа нагласени очи со сенки во нијанси како сино, зелено или портокалово.

8-modni-trendovi-od-minatoto-na-koi-slatko-se-smeeme-05.png

Извадена танга

Пред десетина години девојките носеа фармерки со низок струк од кои им ѕиркаше тангата.

Ова беше моден тренд, иако денес ви изгледа чудно и вулгарно.

8-modni-trendovi-od-minatoto-na-koi-slatko-se-smeeme-06.jpg

Спортскиот стил од 80-тите

Чудниот спортски стил од 80-тите беше толку голем хит што се практикуваше и во 90-тите.

8-modni-trendovi-od-minatoto-na-koi-slatko-se-smeeme-07.png

„Пресирана“ коса

Се сеќавате на старите преси за коса кои имаа додаток за правење на косата цик-цак?

Денес се смееме на фотографиите од тој период, но тогаш таквата фризура беше хит.

8-modni-trendovi-od-minatoto-na-koi-slatko-se-smeeme-08.png

Ленти за коса и пластични обетки

Најверојатно лентите за коса никогаш не биле толку популарни како во 80-тите.

На овој изглед девојките додаваа и пластични обетки.

8-modni-trendovi-od-minatoto-na-koi-slatko-se-smeeme-09.png

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 модели на палта кои ќе бидат во тренд овој јануари Палта од твид, капути или бунди во весели бои... што ќе биде во тренд во јануари...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...
Balenciaga продава обетки од 840 евра: Би носеле ли клучеви на ушите? „Што отвораат овие клучеви?“ Вака се шегуваат корисниците на социјалните мрежи, ...
Тренд кој ги освои и Македонките - Златни обетки во стилот на '80-тите Цветови, солзи, кругови - оваа сезона во фокус се големите златни обетки во стил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg