Подгответе квалитетен восок за домашна депилација

podgotvete-kvaliteten-vosok-za-domasna-depilacija-1

Доколку немате време да одите на козметичар или едноставно сакате да испробате домашна депилација, еве како брзо и лесно може да се решите од подраснатите влакненца.

Што ви е потребно?

Мал огноотпорен сад, дрвено плоснато стапче кое ќе ви служи како шпатула, памучни ленти, благо средство за чистење на лицето без алкохол, 2 лажици кафеав шеќер, една лажица мед и едно парче лимон.

Подготовка

Во еден алуминиумски сад ставете го шеќерот и медот, па загревајте ја смесата на тивок оган додека сосема не се растопи и соедини. Внимателно следете го процесот, бидејќи смесата може да зоврие, а не смее. Кога смесата ќе се претвори во густа течност тргнете ја од оган и додајте неколку капки лимон. Почекајте да се олади и префрлете ја во огноотпорниот сад.

podgotvete-kvaliteten-vosok-za-domasna-depilacija-2

Користење

Со дрвеното стапче внимателно нанесете ја смесата во правец во кој растат влакната, а потоа поставете ја памучната лента. Со брзи движења отстранете ја траката, во спротивен правец на влакната.

На една мека крпа или пешкир нанесете средство за чистење на кожата и отстранете ги останатите траги од восокот.

Би можело да ве интересира:

8 грешки со кои си ја уништувате есенската и зимската облека Ставате премногу омекнувач и не ги носите палатата на хемиско, туку ги перете во...
Дамскиот моден стил на водителката Цеце Николова (фото) Таа е вистинско освежување на ТВ екраните, како со насмевката и убавата енергија...
Омилените модни парчиња на Италијанките за топлите летни денови Долги лелеави фустани и облека од лен – што носат Италијанките во лето за да им ...
8 модни додатоци со кои секогаш ќе бидете тренди (и вреди да ги платите повеќе) Црната чанта, елегантниот рачен часовник и минималистичкиот накит се модни додат...
Летни комбинации со фармерки: Како да ги носите дури и кога е многу жешко? (фото) Само затоа што надвор е над 30 степени, не мора да се откажете од омилените фарм...
Како најлесно да познаете чевли со лош квалитет во продавница? Проверете дали има остатоци од лепило и не заборавајте да ја проверите внатрешно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg