Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен?
Црвени усни со боја на цреша, црвени нокти, црвени чанти, фустани и чизми… Ова е бојата што доминира оваа есен. Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд во светски рамки?
Оваа есен вистински тренд е црвената боја како цреша.
На голема врата доаѓа смелата црвена боја за да нè извади од зоната на комфорот и да ни ја врати женственоста.
Голем број од познатите светски ѕвезди, но и македонските модни инфлуенсерки веќе го испробаа овој тренд.
Од црвени нокти и усни до фустани во моќна црвена боја што потсетува на омиленото пролетно овошје црешата – оваа нијанса е вистински хит оваа есен.
Во продолжение неколку идеи од Македонки како би можеле да ја комбинирате оваа боја во вашите есенски аутфити:
Почнете со мали црвени детали
Мора да признаеме дека оваа смела црвена нијанса не е за секого. Ако сè уште не се осмелувате да облечете целосно црвен аутфит, би можеле да започнете со мали црвени детали, како црвени нокти или црвен кармин, како што тоа го прават Фрози Фран и Антониа Гиговска.
Црвени чанти
Исто така, доколку не се осмелувате за целосно црвено издание, можете да изберете само еден дел од вашиот аутфит да биде во оваа боја. Изберете црвена чанта или плико, за да го надополните изгледот. Погледнете како тоа го прават Ксенија Деспотоска и Александра Шијакоска.