Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен?
Црвени џемпери и плетени фустани
Со намалувањето на температурите, џемперите се задолжителни, а оваа есен може да изберете џемпер во силна црвена боја за да бидете тренди и модерни, како Елена Стојановска - Јанковска.
Исто така, можете да изберете и плетен фустан во смела црвена боја, во кој нема да поминете незабележано, како Ксенија Деспотоска.
Црвени чевли и чизми
Исто така, сезонава можете да изберете изгледот да го надополните и со црвени чевли или чизми. Погледнете како Ивана Кнез и Александра Шијакоска успеаја да ги искомбинираат црвените чевли и чизми во целокупниот аутфит.
Црвени фустани
Елегантните црвени фустани се вистински избор доколку сте поканети на свадба или на некоја друга прослава. Ивана Кнез и Миа Арабаџиева изгледаат моќно и елегантно во црвени фустани.
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм