Пастелни бои, каубојки: 8 модни трендови кои ќе бидат хит оваа есен
Широките плетени џемпери можете да ги комбинирате со сè - и со панталони, и со фармерки и со здолништа. Оваа сезона тие се вистински моден тренд, па можете да заборавите на широките дуксери со качулки.
Сето она што беше модерно во есента 2022 веќе е далечно минато. Оваа есен носи нови трендови кои ќе ве инспирираат како да ја комбинирате гардеробата што веќе ја имате, или ќе ви дадат идеја со какви парчиња да ја освежите за да изгледате модерно и со стил.
Кул пастелни бои
Наместо „кралски“ нијанси – пурпурна, темно зелена или тегет, оваа есен изберете посветли пастелни бои.
Во мода сезонава се боите на се лаванда, светло сина или боја на ментол.
Широки панталони
Тесните панталони излегоа од мода пред 10 години и според стилистите, наскоро ќе бидат повторно во тренд.
Но, дотогаш, подобро е да изберете пошироки модели, дури и модели со висок струк, кои визуелно ќе ве издолжат.
Широки плетени џемпери
Широките плетени џемпери можете да ги комбинирате со сè - и со панталони, и со фармерки и со здолништа.
Оваа сезона тие се вистински моден тренд, па можете да заборавите на широките дуксери со качулки.
Тесни палта
Последните неколку години во мода беа широки палта.
Но, оваа сезона тоа се менува, па во тренд се палта кои ја нагласуваат половината.