Пастелни бои, каубојки: 8 модни трендови кои ќе бидат хит оваа есен
Високи чизми и каубојки
Оваа сезона (ако имате) извадете ги од плакарот старите каубојки или високи чизми.
Тие ќе ги заменат ниските чизми и чевлите до глуждови, кои беа во мода изминатите години.
Мантил во впечатлива боја или со линии
Класичниот мантил во крем боја, оваа сезона заменете го со мантил во весела, впечатлива боја.
Или, пак, изберете некласичен модел со линии.
Светлоцрвена боја
Во текот на летото доминираше розовата боја со сите нејзини нијанси.
Но, Барби трендот полека исчезнува и на негово место доаѓа светлоцрвената боја.
Можете да изберете капут, блуза, кошула, пантолони или некој аксесоар во оваа боја – секако нема да згрешите.
Фармерки со нормален струк
Фармерките со висок и низок струк се минато, а оваа сезона во тренд се фармерки со нормален струк.
Според стилистите, веќе не се во мода ни тесните фармерки – оставете ги во плакарот и изберете рамни модели или фармерки со широки ногавици.
А. Ј. | Црнобело