10 грешки поради кои фармерките не ви стојат добро
Погрешна големина
Кога купувате фармерки, осигурете се дека ви се точни на горниот дел.
Со текот на времето, фармерките можат да се растегнат, па ако купите модел кој ви е малку широк, по неколку носења нема да ви стои многу добро.
Лошо поставени џебови
Задните џебови на фармерките имаат огромно влијание врз изгледот на задникот.
Ако џебовите се поставени многу ниско, ќе направат колковите да ви изгледаат пошироки.
Џебовите секогаш треба да бидат поставени повисоко, како на фотографијата десно.
Погрешно ги комбинирате ѕвонарките
Ѕвонарките се модел кој се врати во мода и можат визуелно да ви ги издолжат нозете.
Но, само ако ги комбинирате со вистинските чевли.
Овие модели изгледаат многу подобро со штикли.
Носите фармерки со тесни чизми
Тесните чизми не изгледаат добро со фармерки.
Комбинацијата ќе изгледа многу подобро со пошироки чизми.
Ги ставате фармерките во ниски чизмички
Додека високите чизми изгледаат подобро кога во нив ќе ги ставите фармерките, ова не важи за ниските чизмички.
Спирова С. | Црнобело