Македонките „полудеа“ по тексас здолништето со шлиц од ZARA – идеи како да го комбинирате
Александра Шијакоска, Ксенија Деспотоска, Зои Блаж но и Тамара Калиниќ... Повеќе наши, но и светски познати инфлуенсерки се фотографираа во долгото тексас здолниште на ZARA што е вистински хит оваа пролет. Погледнете пет идеи за тоа како да го комбинирате за да изгледате модерно.
Оваа пролет ни се враќа уште еден заборавен моден тренд од 90-тите. Долгото тексас здолниште е вистински хит и голем број инфлуенсерки и познати дами се фотографираа во таков аутфит.
Иако, голем број брендови нудат различни модели на тексас здолништа се чини дека моделите на ZARA со шлиц напред се најпопуларни.
Тексас здолништата се одлични затоа што може да се вклопат во секоја прилика, а и да се комбинираат на повеќе начини.
Неодамна Србинката која важи за една од најпознатите светски инфлуенсерки, Тамара Калиниќ беше фотографирана во долго тексас здолниште што го искомбинира со бела маица и тексас јакна со голем број циркони.
Доказ дека ова здолниште е вистински хит оваа пролет е и тоа што и некои од нашите најпознати модни инфлуенсерки веќе се фотографираа во вакви здолништа и понудија идеи за нивно комбинирање.