Жена има домашно милениче кокошка - дури и се сончаат заедно (фото)
Тие имаат силна врска и секаде одат заедно. Кога ќе се умори кокошката Chookie нејзината сопственичка ја шета на рамо.
Ангел Муири ја посвоила малата кокошка Chookie пред 18 месеци откако ветеринарот ѝ кажал дека таа нема каде да оди.
Тие се поврзале неверојатно и секаде одат заедно. 3-годишната кокошка живее со Ангел во нејзиниот дом во Мелбурн и обожава да ѝ седи во скут.
Тие одат на прошетки по плажа заедно, а кога Chookie ќе се умори, нејзината сопственичка ја става на рамо и ја шета. Заедно се сончаат, бараат морски школки и го привлекуваат внимание на околината.
Ангел дури и си го истетовирала своето домашно милениче на себе.
Како изгледа ова уникатно пријателство: