Хумористичен квиз: Дали сте типичен Македонец?
Дали сте од оние кои не признаваат кафеана без ракија и кои во детството добиваа совети дека ќе бидат никој и ништо ако немаат факултетска диплома?
Понекогаш знаеме со тон на потсмев да кажеме „Ех, види го, типично Македонче“ и, на страна некои аспекти за кои навистина не нè бива (добро ги знаете, нема да навлегуваме во тоа), постојат и работи по кои сме навистина уникатни и кои прават да е гордост и задоволство да се биде Македонец.
Па, кој знае како нас со минимална плата максимално да ужива, секоја пригода да ја гледа како повод за одлична веселба и на сите да раскажува како Македонија е бисер балкански.
Одговарајте искрено - опциите точно и неточно се однесуваат на тоа дали вие се согласувате и пронаоѓате во дадениот исказ.
И, се разбира, запаметете дека без оглед на резултатот – ова е само една добра забава!