Мексико Сити не може да овозможи неопходни услови за живот – Кои се најнаселени градови во светот?
Знаевте ли дека пред 1.000 години, на Земјата имало само 170 милиони луѓе? Оттогаш до денес населението само расте, па оваа година на Земјата живеат 7,7 милијарди луѓе, а се очекува до 22-риот век овој број да достигне 10 милијарди.
Овој пораст доаѓа со голем број предизвици, особено на места каде што нема доволно храна и вода. Сепак, има и добри вести. Статистиката покажала дека порастот забавува, а во некои држави бројот на жители дури и се намалува.
Но, сè уште постојат градови во кој бројот на жители е навистина голем, а во продолжение погледнете кои се најнаселените.
Гуангжу, Кина
Население: 12.967.862
Гуангжу е град во јужна Кина. И покрај тоа што границите на градот се проширени изминативе неколку децении, поголемиот број луѓе живеат во областите во близина на градот.
Рио де Жанеиро, Бразил
Население:13.374.275
Овде живеат 5.400 луѓе на километар квадратен. Добрите вести се тоа што растот на населението забавува.
Тианџин, Кина
Население: 13.396.402
Од 1953-та до 1958-ма бројот на жители во Тианџин се зголемил за неверојатни 188%.
Манила, Филипини
Население: 13.698.889
Иако порастот на урбаното население се намалува, ова не значи дека градот не е натрупан. Всушност, ова е најгусто населената општина, каде што во просек живеат 14.500 луѓе на километар квадратен.
Во најгусто населената област живеат 70.000 луѓе на километар квадратен.
Лагос, Нигерија
Население: 13.903.620
Овој град го сочинуваат 250 разни етнички групи, а поголемиот дел од населението, односно 66% живее во сиромаштија.
Калкута, Индија
Население: 14.755.186
Ииндија и Кина се најнаселените држави во светот, па не е ни чудно што на листава се најде Калкута.
Истанбул, Турција
Население: 14.967.667
Истанбул е најнаселениот град во Европа. Во 1502-ра година, Истанбул бил најнаселениот град во светот.
Буенос Аирес, Аргентина
Население: 15.057.273
Иако во јадрото на градот живеат само 3 милиони луѓе, во околниот регион има уште 12 милиони.
Чонгкинг, Кина
Население: 15.354.067
Како и многу други азиски градови, и Чонгкинг доживеа голем пораст на населението. Всушност, Чонгкинг е градот со најголем пораст, а изгледа дека ова нема да се промени уште долго.
Карачи, Пакистан
Население: 15.741.406
Една петтина од урбаното население во Пакистан живее во Карачи. Карачи е еден од најгусто населените градови во светот и на еден километар квадратен живеат по 24.000 луѓе.