Сурови вистини за животот кои речиси сите одбиваме да ги прифатиме
Во детството, речиси сите имаат желба побрзо да пораснат, а кога ќе влезат во светот на возрасните, сфаќаат дека тоа безгрижно време никогаш не се враќа.
Возрасните, во текот на животот се соочуваат со разни предизвици и ситуации, и секој период носи по некоја нова лекција.
Животот многупати е суров, а луѓето одбиваат да прифатат некои вистини за светот на возрасните, иако секојдневно се соочуваат со нив.
Кои се тие сурови животни вистини кои ретко кој ги прифаќа?
Се жртвуваме себеси за доброто на другите, без потреба
Колку пати се случило да кажете „Јас правам сè, а ти не го цениш тоа“? Всушност, некои жртви кои ги правите, никој не ги ни побарал од вас.
Колку и да работите, никој нема да ве издигнува заради тоа
Иако некогаш работите многу повеќе од останатите колеги, тоа не значи дека ќе станете главен и порано или подоцна, мора да се соочите со вистината дека веќе не сте во училиште и нема да ве фалат за секоја добро завршена работа.
Позитивен став за телото не значи да се има недостаток на нега за себе
Во ред е да си го сакате телото, но тоа не значи дека не треба да водите воопшто грижа за него и за хигиената, да шетате со несредена коса и излупени нокти. Најчесто зад изјавата „си ги сакам недостатоците“ се крие обична мрза и немање желба за вежбање и грижа за себе и здравјето.
Изгледот игра голема улога
Колку и да зборуваме за убавината на внатрешноста и душата, вистината е дека многу често изгледот игра голема улога. Секако, на интервју за работа, професионалните способности се многу важни, но изгледот и способноста за комуникација некогаш ги победуваат вештините.
Добра личност не е професија
Не може да барате сочувство на работа заради вашата добра душа или проблеми во животот. На шефот, не му е важно дали имате 3 деца, кредит и проблеми во семејството, тој е прво заинтересиран за резултатите од вашата работа.