6 несвесни навики кои ги имате додека јадете, а може да ви го дефинираат карактерот
Обично, кога се запознаваме со некого, првото прашање кое ни паѓа несвесно на ум е: Каков тип на човек е?
Одговорот на ова прашање најлесно ќе го откриете ако седнете во ресторан и нарачате храна со човекот кој сакате да го процените.
Бидејќи, 6 несвесни навики кои ги има на масата, додека јаде, може многу лесно да го издадат човечкиот карактер:
Како нарачува?
- Ако човекот пред вас повеќепати го отвора и затвора менито, поставува прашања за храната и начинот на кој таа се подготвува, но и се двоуми помеѓу две или повеќе опции, повеќе од очигледно е дека има потешкотии со себе-познавањето и тоа го прави нерешителен.
- Ако човекот пред вас нарачува без да го погледне менито, тогаш се работи за упорна, истрајна и тврдоглава личност.
Каков тип на храна нарачува?
- Лутата храна обично се наоѓа на листата на нарачки на луѓето кои сакаат да ризикуваат. Оние кои јадат луто обично се истите луѓе кои сакаат неизвесност, брзо возење, хорор филмови...
- Оние кои преферираат егзотична храна пак, никогаш не се досадни и монотони. Секогаш имаат нови идеи и во секое време се согласуваат на нова авантура.
- Обично, интровертите нарачуваат овошни и зеленчукови салати. Тоа се смирени и пристојни личности.
- Екстровертите, спротивно на нив, нарачуваат големи количини на вкусно месо или нешто слатко. Сакаат да уживаат во храната, без да бројат калории и маснотии.
- Емотивците пак, претежно нарачуваат мезиња.
Како се однесуваат на маса?
- Ако човекот пред вас јаде и џвака брзо, а притоа не внимава дали ќе се извалка, пред вас имате човек кој е отворен и не се грижи за туѓото мислење. Важно му е личното задоволство.
- Спротивно на тоа, луѓето кои јадат бавно и секогаш завршуваат последни, сакаат да ги имаат работите под своја контрола. Ретко знаат да уживаат.
Како изгледа храната во чинијата?
- Ако сите состојки се внимателно подредени и човекот ги јаде редоследно и уредно, тогаш се работи за лидер и партнер на кој може да се потпрете.
- Ако пак човекот пред вас обожава да ги измеша сите состојки во чинијата и да направи „каша“ од нив, веројатно не знае да ги одвои и животните полиња, па љубовниот живот, работата, пријателите и семејството честопати ги меша меѓусебно.
Што открива пицата?
- Ако лицето пред вас го витка парчето пица на половина пред да го изеде, не се плаши да ги прекрши правилата.
- Ако човекот пред вас почнува да го јаде парчето пица од страна или од корката (да, постојат и такви луѓе) тогаш обожава драма и внимание.
- Ако користи нож и виљушка, тогаш се работи за стабилна и формална личност која исклучително внимава на туѓото мислење.
- И конечно, луѓето кои не се плашат да си ги извалкаат рацете кога јадат пица, знаат да уживаат во животот и сакаат сами да си го распоредуваат времето. Не трпат авторитет и надворешно влијание.
И за крај, каков десерт нарачува?
- Оние кои нарачуваат сладолед, сакаат да ги шармираат луѓето околу нив и не се плашат да бидат во центарот на вниманието.
- Тортата пак, открива дека човекот спроти вас е добар слушател и одличен наратор. Комуникациските вештини му се на високо ниво.
- Колачињата обично се нарачка на смирените луѓе кои без многу бунење, се прилагодуваат на секакви промени.
М. Д. | Црнобело