15 активности кои ќе ви помогнат да си го подобрите животот и да се чувствувате поубаво

Што и да ви се случува во животот, колку и да сте зафатени или паметот да ви е на друго место, никогаш не треба да заборавите да се грижите за себе и за добросостојбата.

15-aktivnosti-koi-kje-vi-pomognat-da-si-go-podobrite-zhivotot-i-da-se-chuvstvuvate-poubavo-01.jpg

Најважно е да се чувствувате добро во секој момент и да знаете како да се справувате со секоја ситуација.

Никогаш немојте да се запуштите и да заборавите на себе, а за да го избегнете тоа, потребно е да се активирате и да одвоите малку време за својот живот.

Активности кои ќе ви помогнат да си го направите животот поубав, а нема да ви одземат многу време и труд:

1. Земете огромна вреќа за ѓубре и ослободете се од сè што не користите, не ви одговара, ви предизвикува болни спомени.

2. Отследете ги сите кои прават да се чувствувате помалку од инспирирани, мотивирани и среќни.

3. Земете лист и пенкало и рачно запишете ги сите неделни трошоци – ништо нема да ве прави посвесни за вашите навики за трошење.

4. Закажете преглед кај докторот кој ви создава најмногу анксиозност. Охрабрете се и појавете се.

5. Смислете си неколку здрави наивки кои ќе почнете да ги практиквуате и направете си „to-do“ листа.

6. Ако ви е потребна голема промена во животот, направете анализа и детално смислете го тоа, а не да се доведете до полоша состојба и да ризикувате.

7. Секоја вечер, подгответе си со мерак појадок и ручек за следниот ден да го почнете правилно.

8. Не кажувајте што мразите од вашиот живот, посакувате да имате или да бидете –зборувајте за тоа што сте, што создавате и правите.

9. Најдете повеќе време за најблиските – јавете им се на оние кои долго го очекуваат вашиот повик и организирајте средба.

10. Прочитајте вистински приказни за луѓе во некоја ситуација слична на вашата и дознајте како тие се справиле со тоа.

11. Направете си ново CV, професионален веб сајт или портфолио.

12. Смислете начин како да направите бизнис од вашето омилено хоби.

13. Предизвикајте се да направите нешто ново, дури и да се работи за пробување нова храна, гледање нов тип на филм или менување на плејлистата што ја слушате секој ден – промените се добри.

14. Научете како да не се впуштате во кавги и да не се мешате во секој разговор – некогаш е добро да ја држите устата затворена.

15. Престанете да очекувате животот да биде секогаш совршен. Наместо да се терате да бидете среќни во секој момент, прифатете дека ќе имате лоши денови во тешки периоди – ќе жалите кога ќе изгубите некого, ќе бидете збунети кога сте несигурни...

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
10 работи кои ако сте ги постигнале во животот - значи дека сте успеале Ако можете самоуверено да кажете „не“ во ситуации кога тоа е потребно, сте совла...
7 супер трикови со кои ќе изгледате повисоко и послабо на фотките Не го стегајте рамото до телото, туку оддалечете ја раката од торзото; застанете...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
Животни лекции кои некои луѓе (за жал) ги учат премногу доцна во животот Не можете да контролирате сè и колку побргу го сфатите тоа, толку посреќни ќе би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg