Нехигиенски и грозни навики на паровите кои спијат во ист кревет

Креветот е место што е првично наменето за спиење, а потоа и за интимна акција меѓу партнерите. Но, никогаш не смее да ви биде домашно кино или трпезариска маса.

nehigienski-i-grozni-neshta-shto-parovite-gi-pravat-koga-delat-krevet-01.jpg

Во филмовите можеби гледате како паровите делат пица додека гледаат филм во спалната соба, но во реалноста тоа е навистина нехигиенска и одвратна навика.

Замислете да спиете врз остатоци од храна, макар и микроскопски, кои се распаѓаат и се лепат на вашето тело. Но, овие „грозотии“ не запираат тука.

Паровите често ги занемаруваат хигиенските навики и прават големи грешки со кои си го загрозуваат здравјето:

Излежување во кревет без посебна причина

Обидете се да поминувате што помалку време во креветот. Ако ви се гледа филм, правете го тоа или во кино или во дневната соба, ако ви се јаде, јадете надвор или во трпезаријата.

Спалната соба треба да биде чиста и да ја користите за спиење и за секс.

Делење на перниците и ќебиња

Од една страна е навистина романтично, но од друга страна воопшто не е хигиенски. Потта и првутењето на кожата создаваат идеална средина за развој на микроорганизми врз постелнината, чаршафите и прекривките.

И додека на сопствените сте веќе отпорни, микросветот кој потекнува од вашиот партнер може да ви предизвика кожни иритации.

Делење на креветот со милениците

За ова треба и двајцата да бидете согласни. Доколку сепак миленичето спие со вас, почестото перење на постелнината и редовното менување се задолжителни.

Спиење во претопла соба

Ако едниот партнер е навикнат да спие во топла соба, не би било воопшто пријатно другиот да се препотува, или пак и двајцата да се потат во целата вечер и тоа може да биде навистина грозно. 

Јадење во кревет

Колку и да внимавате, некоја ронка сигурно ќе заврши на чаршафот или меѓу прекривките. Едноставно, на храната не ѝ е место во спалната соба и тоа треба да го почитувате и двајцата.

Помислете само на малите бубачки и на разградувањето на храната на чаршавот на кој спиете. Или пак, да се развиваат бактерии на местото каде ви се истурил сок. Воопшто не е пријатно, нели?

nehigienski-i-grozni-neshta-shto-parovite-gi-pravat-koga-delat-krevet-03.jpg

Нередовно менување на постелнината

Потта и телесните течности лесно преминуваат од чаршафот на душеците. Најпаметно е да имате подлога меѓу душекот и чаршавот, која лесно се пере, а која нема да дозволи пробивање на телесни течности и нивно апсорбирање во душекот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои не треба да ги правите во кревет пред спиење (го нарушуваат сонот) Пиете вода, гледате филм, работите … Кои се грешките што (веројатно) ги правите ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg