Фотограф патува и поставува предизвик на непознати: Нацртај си го најубавиот момент од неделава
Холандскиот фотограф, Janne Willems, си поставил амбициозна цел – да собере прекрасни моменти од животот низ целиот свет.
За да го направи ова, таа патувала во 30 земји од светот и секаде правела едно исто нешто – им давала на луѓето кои ќе ги сретне празна картичка и барала да го нацртаат најубавиот момент од неделата.
Девојката вели дека цртежот не мора да биде добар или совршен. Не мора ни да биде среќен. Само треба да биде нешто прекрасно, независно што тој збор значи за секој човек.
Резултатот е навистина неверојатен, а фотките кои ги споделува на нејзиниот блог, не оставаат никого рамнодушен.
Погледнете како изгледаат убавите моменти за дел од луѓето во различни земји низ светот:
1. „Мајка ми има деменција. Ме познава, но не прозборела долго време. Одеднаш, слушнав како тивко пее песна која секогаш ја пееше за да нè разбуди мене и сестра ми наутро. Ги отвори завесите за тоа светло да ја потсети дека сонцето е веќе високо.“
2. „Спиев на фотелја-лулка, а мојата девојка скокна кај мене во скут и потоа заедно се лулавме 1 час.“
3. „Мојот сопруг имаше операција и не можеше да гледа. Одеднаш се сврте и ми кажа – Еј душо, ја видов сијаличката од машината за перење.“
4. „Зборувавме со сопругот за животот. И што се случи на крај? Сфативме дека животот е прекрасен.“
5. „На училиште правев десерт со чоколадо, маршмелоу и други вкусни состојки.“
6. „Се возевме по пат во Австралија и одеднаш стотици кенгури се појавија пред нас, па моравме да застанеме.“
7. „Тоа сум јас, како јадам пица.“
8. „Тоа сум јас како ја чекам мојата невеста.“
9. „Научив како да се пробијам низ нечиј оклоп. Оваа личност ми е многу блиска.“
10. „Поминав на интервјуто и ја добив првата работа. Во цртежот, му покажувам на семејството дека нема веќе дете. Јас сум силен.“
М. М. | Црнобело