Знаци кои укажуваат дека сте во добра финансиска состојба, иако не мислите така
Многу често луѓето знаат да се жалат за својата финансиска состојба, бидејќи може да не се ни свесни дека всушност немаат право на тоа.
Јасни финансиски цели, држење до буџет и однапред планирање на трошоци, се дел од знаците дека сте на добар пат.
Секако, можеби има моменти кога ви е потешко и не може да си дозволите баш сè што ќе посакате, но тоа никако не значи дека вашата финансиска ситуација е лоша.
Напротив, треба да сте свесни дека се движите во одлична насока, а овие знаци ќе ви помогнат да го сфатите тоа доколку се сомневате:
Се водите по буџет и водите сметка за тоа колку примате и трошите
Семејниот буџет е клуч до финансиски успех, бидејќи е важно да знаете точно колку пари заработувате и кој дел за што оди секој месец, за да нема големи промени во трошоците.
Имате доволно за да ги плаќате сметките секој месец
Месечниот буџет е одличен но само доколку навистина се водите по него. Ако водите евиденција за сметките и ги плаќате секогаш навреме, бидејќи трошоците за нив се однапред испланирани, според буџет.
Имате јасни финансиски цели и се стремите кон остварување
Без разлика дали сакате да купите дом, автомобил, да почнете бизнис или да го платите образованието на детето, никогаш не е рано да почнете да штедите. Добро е да имате јасни финансиски цели и да се стремите кон нивно остварување – тоа значи дека постои шанса и имате можности.
Ги планирате однапред трошоците и не сте импулсивен купувач
Доколку секогаш ги планирате однапред семејните одмори, подароците за празници и поголеми настани или други поголеми купувања, тогаш сте на одличен пат, бидејќи импулсивното купување може само да му наштети на буџетот.
Кога знаете однапред за некои трошоци, можете да штедите некој период и да не почувствувате голема промена.
Го купувате само тоа што може да си го дозволите
За одржување на финансиите одлично е да знаете колку може да си дозволите и да не купувате нешто само затоа што не смее да ја пропуштите шансата, иако подоцна буџетот ќе ви трпи.
Правите планови за пензионерски денови
Дел од обврските на возрасните е и размислувањето за иднината, блиска и далечна. Добро е да знаете дека имате финансиски план за деновите кога ќе бидете во пензија и ќе имате мирна глава.
М. М. | Црнобело