Корисни фотографии кои треба да се најдат во вашиот телефон, наместо стотици селфија
Сигурно некогаш ви се случило докторот да ве праша кои лекови ги консумирате, но во моментот да не може да се сетите.
Или пак, можеби да го барате автомобилот насекаде низ паркинг гаражите во трговските центри, бидејќи сте заборавиле каде сте го паркирале.
Па за да не се случува ова, само треба да го искористите паметно вашиот телефон.
Наместо да чувате стотици неуспешни селфиња и слики од храна, сликајте го она што ви е потребно и чувајте ги тие фотки.
Така, секогаш кога ќе заборавите нешто ќе може да отворите галерија и да се присетите.
Фотки кои треба да ги имате во случај на неволја:
Домашен сет за прва помош
Кога не може да се сетите кои лекови ги имате во домашната аптека, секогаш може да најдете слика во телефонот за да знаете што недостасува или да покажете на докторот што пиете.
Слики од детето
Пред да влезете со детето на некој голем настан со многу луѓе (концерт, прослава и сл.), направете фотографија од детето.
Ако случајно се изгуби, ќе ја имате фотографијата за да можете да ја покажете на некој што би можел да го познае во истата облека со истиот изглед.
Домаќински апарати и електроника
Направете фотка од лепенките со име на моделот и детали за истиот, кои стојат на апаратите во домаќинството, како и од каблите и конекторите – ќе ви се најдат кога ќе треба да купувате додатоци и дополнителни делови.
Автомобилот на паркинг место
Кога одите да паркирате на некој голем паркинг или во гаража каде не одите често и не го знаете местото, не заборавајте да фотографите каде сте го оставите автомобилот со околината околу него, за полесно да може да препознаете.
Документи
Чувајте фотографии од основните документи, бидејќи тие често се потребни за пополнување на некои други документи, а ако немате никој дома да ви каже потребни податоци, би било проблем да се враќате по неколкупати.
Работно време на институции
Иако со интернетот можете веднаш да го пронајдете работното време на било која институција, сепак добро е да имате резерва фотка од истото, за во случај да не може да се приклучите на интернет, а ви е потребна информација.
Работи кои ги позајмувате
Ако изнајмите дом, фотографирајте го во првобитната состојба кога сте влегле во него и обрнете посебно внимание на пукнатини, за подоцна да не ве обвинат вас.
Исто така, добра идеја е кога ќе позајмите нешто ситно како книга од пријател, да ја фотографирате со името на истиот, за подоцна да не заборавите кому да ја вратите.
Фрижидер
Пред да одите во продавница, сликајте го во фрижидерот, за да не мора да се мислите дали нешто имате или не, и да правите дупли и непотребни трошоци или пак да се враќате повеќепати.
Фризура
Ако ви се допаднала некоја фризура која ви ја направиле, фотографирајте ја, за следниот пат да покажете како сакате да ви ја направат.
М. М. | Црнобело