Луѓето откриваат: Едноставни, мали работи кои им го направиле животот подобар
Менувањето на навиките може да биде многу тежок предизвик, но понекогаш, резултатот е подобра мотивација од тоа.
Дури и најмалите ситници може да направат вистинска промена во вашиот живот и да ви го направат полесен од различни аспекти.
Стотици корисници на Reddit одговориле на прашањето „Која е таа мала, едноставна промена во животот која ви дала неверојатни резултати?“.
Од будење порано до купување вишок крпи – погледнете неколку животни трикови кои на некого многу му значеле.
Можеби некоја од нив ќе ви се најде и на вас:
„Го оставам телефонот надвор од спалната навечер. Сега конечно можам доволно да се наспијам бидејќи не морам да заспивам и да се будам со телефонот во раце. А, за викенди станувам рано, бидејќи излежувањето е здодевно без телефон и така не го губам денот.
„Сите чорапи ми се од исти бренд и со иста боја. Губењето време на спојување чорапи по перење е за лузери.“
„Престанав да реагирам бурно на работите така што земам длабок воздух бројам до 5 и издишувам, користејќи го времето да испроцесирам колку нервозна треба да бидам за некоја минимална неудобност. По 5 секунди, не ми се чини како да мора да се лутам воопшто.“
„Читање книга пред спиење наместо гледање филмови на Netflix. Заспивам побрзо, се будам со поубаво чувство.“
„Искрено, почнав да мислам на добро кога си додавам лично интонација на пораките кои ги добивам, наместо да мислам дека личноста е идиот.“
„Правам свесно напор да се обидам да мислам попозитивно. Во мене има многу циничност и сега се обидувам да бидам оптимист наместо да доаѓам до најлошите заклучоци. Правам листа со позитивни решенија кога имам проблем, наместо да се жалам дека проблемот се случил.“
„Легнување и станување рано. Не знам дали кај сите е вака, но помеѓу вежбањето рано наутро и одењето рано на работа, јас постигнувам речиси 75% од работите кои треба да ги направам пред 10 часот. Остатокот од денот е само справување со дополнителни работи кои излегуваат.“
„Почнав да работам во библиотека наместо дома. Продуктивноста ми се зголеми дупло, уште од почетокот. Неверојатно е колку многу работа може да се заврши кога нема интернет што може да ме деконцентрира.“
„Шолја зелен чај секој ден пред спиење ми помага да ја намалам тежината речиси без промени во исхраната.“
„Инвестирање во добар душек. Сега конечно можам да спијам цела вечер бидејќи не чувствувам болка или неудобност. Дури и побрзо заспивам бидејќи не морам да барам комотна позиција.“
М. М. | Црнобело