Голем нос - амбициозност, брчки - оптимизам: Што говори вашиот изглед за вас?
По читањето на резултатите од некои истражувања можеби никогаш повеќе нема да сте незадоволни од вашиот голем нос или брчките.
Голем број истражувања докажаа дека изгледот говори многу за вашиот карактер.
Верувајте, брчките не се само знак за стареење, туку кријат и нешто друго.
Што говори вашиот изглед за вас?
Форма на лице
Формата на лицето се поврзува со доминантноста. Истражување на Светскиот куп во 2010 година од Универзитетот во Колорадо посочувало дека според ширината на лицето на играчите можело да се предвиди колку голови ќе постигнат тие.
Измерете ја дистанцата помеѓу вашите уши и дистанцата од горната усна до веѓите. Колку е помала разликата помеѓу овие две, толку ви е поголема шансата за успех.
Истакнати вилични коски
Истражување на Универзитетот во Лондон покажа дека мажите со повисоко ниво на тестостерон имаат поистакнати вилични коски. Високото ниво на овој хормон носи и поголема агресивност, желба за моќ и бунтовност.
Режисерите на филмови го знаат ова, па затоа во улогата на алфа мажјаци често ставаат актери со истакнати вилични коски.
Брчки
Брчките не ги истакнуваат само годините на една личност, туку и нејзиниот карактер. За смеење, плачење или поткренување на веѓите вие мора да користите одредени мускули од лицето, па така лицето се навикнува на тие ваши потези и ви се создаваат брчки.
Брчките на аглите од очите и устата говорат дека сте оптимистична личност. Сакате да се смеете и емотивни сте.
Брчките помеѓу веѓите на челото говорат дека сте сериозна личност.
Големината на носот
Во 2013 година направено е истражување на 1.700 фотографии од индивидуи и откриено е дека луѓето со поголем нос се поамбициозни. Тие сакаат перфекционизам во сè што прават.
Ако имате голем нос, вие најверојатно би биле одличен инвеститор и финансиер, а ако имате мал, најверојатно не им давате многу значење на парите и штедењето.
С. С. | Црнобело