Ослободете се од емотивниот товар на минатото за да си обезбедите среќна иднина

Минатото, за жал, може да биде преполно со грешки, непромислени одлуки и постапки, несреќни избори и сите тие оставаат некаква трага на вашата сегашност. 

Oslobodete-se-od-emotivniot-tovar-na-minatoto-za-da-si-obezbedite-srekna-dnina-2.jpg

Но, зошто да го носите сиот тој товар, кога низ животот можете да се движите поослободени?

Никој не вели дека треба целосно да го заборавите минатото, но најдобро е да ги надминете оние нешта што ви се товар и да не им дозволите да влијаат на вашата среќа во иднина.

Прекинете ја врската ако чувствувате дека така треба

Едноставно, повлечете се доколку сте изневерени или ако вашиот партнер е прегруб со вас. Дури и ако чувствувате дека партнерот не е за вас, тоа е доволно да размислите да ја прекинете таа врска која ве прави нервозни, тажни, растревожени и сè освен среќни.

Oslobodete-se-od-emotivniot-tovar-na-minatoto-za-da-si-obezbedite-srekna-dnina-3.jpg

Простете си ги грешките

Вашето минато е дел од тоа каква личност сте денес, но никако не смее да ја диктира вашата иднина. Грешките искористете ги како лекција, па доколку научивте нешто од нив најдобро е да не ги повторувате.

Ослободете се од зависностите

Зависност не мора да значи порок. Сигурно имате некоја навика која ја повторувате, без разлика дали се работи за купување одреден производ, јадење одредена храна или зависност од личност.

Ваквите нешта често знаат потајно да не задушуваат или да внесат ненадејна промена во нашето расположение. Обидете се да се ослободите од лошите навики и насочете се кон активности и личности кои ќе ви ја зголемуваат енергијата.

Oslobodete-se-od-emotivniot-tovar-na-minatoto-za-da-si-obezbedite-srekna-dnina-4.jpg

Не се врзувајте за очекувања

Можеби нешто ви било цел пред една година, но денеска сте свесни дека и ако сте ја исполнеле, немало да ви го направи животот подобар. Во тој случај, заборавете на тие цели и поставете нови.

Не се дружете со погрешни луѓе

Доколку сте свесни дека некој се обидува да манипулира и лаже, тогаш тие луѓе ни во иднина нема да бидат искрени со вас. Такви не ви требаат и најдобро е да го сведете контактот со нив на минимум или целосно да ги исклучите од вашиот живот.

Oslobodete-se-od-emotivniot-tovar-na-minatoto-za-da-si-obezbedite-srekna-dnina-5.jpg

Напуштете ја работата која ве прави несреќни

Ако сте демотивирани, потценети, деградирани и не можете да го прикажете целосниот потенцијал, сигурно постои друга компанија каде вашиот труд ќе биде соодветно ценет. Заради комфор зоната некогаш плаќаме превисока цена.

Заобиколете ги местата кои се преполни со лоши или тажни спомени

Селењето воопшто не е страшен потег. Доколку за некое место ве врзува тага или траума, многу поинаку ќе биде ако ја промените населбата.

Исто, избегнувајте да се враќате на места, на пример летни дестинации, каде ви се случило нешто тажно или лошо и изберете друго туристичко место. Не бидете заробеник на географски локации.

oslobodete-se-od-emotivniot-tovar-na-minatoto-za-da-si-obezbedite-srekjna-idnina-004.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg