12 работи кои ќе ви се случат кога ќе се вљубите во својот живот, наместо во личност
Ќе почнете да чувствувате благодарност за работите кои ги имате и ќе почнете да се борите за работите кои ги сакате.
Да се биде вљубен во некоја личност е убаво, но уште поубаво е да се биде вљубен во животот.
Тогаш пред сè сте насочени кон својата среќа и работите кои вас ве исполнуваат.
Што ќе ви се случи кога ќе се вљубите во својот живот, наместо во личност:
1. Ќе откриете за што имате страст и ќе одвојувате време за тоа. Музика, работа, спорт, инвестирајте ја енергијата во нешто што го сакате и што ве инспирира и задоволува.
2. Ќе се концентрирате на своите потреби. Со фокусирањето на своите цели ќе бидете чекор поблиску до нив. Задоволете ја потребата за успех и креирајте план за иднината.
3. Ќе ги цените врските што ги имате, наместо да се фокусирате на тие што ги немате. Не се само романтичните врски нешто што носи среќа, тука се и роднините, пријателите и другите видови на платонски врски.
4. Ќе патувате, истражувате и живеете малку себично. Исцедете го животот до максимум. Не е погрешно понекогаш да бидете себични и да трчате по работите што ги сакате.
5. Ќе се фокусирате на поважни аспекти од животот. Ќе имате повеќе време за подобрување на поле кариера, хоби, иднина, финансии. Посветено работете на тоа.
6. Ќе минувате време во правење, наместо во посакување на одредени работи. Не ви е потребна пасивна животна приказна и постоење обоено во сиво. Бидете од акција, растете преку делата.
7. Ќе целите кон подобро. Бидете задоволни од местото на кое сте во моментот, но никогаш не се задоволувајте комплетно. Секогаш имајте цел за повеќе и подобро.
8. Ќе минувате време во природа. Светот е околу вас и започнете да го цените. Од возење велосипед до планинарење, впивајте ја убавината на природата.
9. Искуствата ќе ве исполнуваат. Кој рече дека мора да ја пронајдете втората половина за да бидете едно цело? Нека ве исполнуваат искуствата и значајните мигови со луѓето околу вас.
10. Ќе бидете благодарни за тоа што го имате. Секој ден е чудо, животот е чудо. Бидете благодарни за благословите што ги имате. Доброто здравје, кариерата, новиот ден се само дел од работите кои мора да ги цените.
11. Среќата ќе зависи само од вас. Сингл статусот не е нешто негативно. Не е потребна една личност која ќе ја исполни дупката во вашето срце. Нема да имате никаква дупка ако сами со своите постапки си носите среќа во секојдневието.
12. Ќе се сакате себеси сè повеќе секој ден. Сакајте го вашето постоење, вашите срце, ум и тело. Во ред е да се ставате себеси на прво место.
И кога ќе научите да го сакате животот, љубовта што ви е судена сама ќе дојде...
С. С. | Црнобело