Пукање, физички напад: Едноставни совети за преживување во критични ситуации
Во момент на страв и напнатост можеме да ги заборавиме дури и наједноставните потези што може да ни го спасат животот.
Сите сакаме да бидеме кул и мислиме дека ако се најдеме во некоја критична ситуација тогаш сигурно ќе се снајдеме како професионалец од акционите филмови.
Но, дали знаете дека од страв може да се вкочаните и да не ги направите и наједноставните работи за заштита на својот живот?
Во такви критични мигови потребни ви се овие едноставни упатства:
Прибор за заштита
За да преживеете ненадеен физички напад од некого добро би било во чантата да имате спреј за очи и џебен нож.
Доколку станува збор за жесток вербален напад, со кој не можете да се справите, тогаш употребете ја апликацијата за снимање од телефонот и потоа искористете го тоа како доказ.
Потег при напад од човек
Најдобро е да го притиснете околу вратот и со овој потег да му го сопрете дотокот на кислород на кратко и периодот додека зема здив да го искористите за бегство.
Напад во домот
При обид за насилен упад во вашиот дом, ставете маси, столици и тешки предмети од домот за да ја осигурате вратата и потпрете се на нив.
Пукање
Единствената работа што ќе ве спаси од пукање е доброто засолнување. Сокријте се позади некоја маса од цврст материјал или позади каучот.
Криењето пред автомобилот е подобра опција од криењето позади автомобилот.
Отпечатоци
Доколку сте во некоја „детективска мисија“ и не сакате да оставите отпечатоци тогаш треба да ставите бели памучни ракавици или пак какви било ракавици на рацете.
С. С. | Црнобело