15 знаци дека сте престроги кон себеси и не го живеете животот во целост
Дали некогаш ви се случило да постигнете нешто, но сепак да не сте задоволни, бидејќи сметате дека секогаш можете подобро?
Или можеби, се обвинувате себеси за сите лоши работи кои ви се случиле и водите постојана борба за да се засакате самите себе.
Доколку сте затворени во себе, не ги славите вашите победи, се плашите и не знаете како да уживате во животот, веројатно сте престроги кон себеси.
Ако се пронајдете и во следниве неколку описи, тоа значи дека веднаш треба да омекнете и да си дозволите да го живеете животот во целост, да почнете да се сакате сами себе и да се вреднувате повеќе.
15 знаци дека Претерувате и се спречувате да бидете среќни:
1. Не го славите вашиот успех бидејќи мислите дека имате уште за достигнување или дека не сте толку успешни колку што треба.
2. Се обвинувате себеси за секоја лоша работа што ќе ви се случи во животот без да ги земете предвид другите фактори и луѓе кои се вклучени во проблемот.
3. Кога се анализирате себеси, ги гледате само вашите недостатоци и неуспеси и се чувствувате некомпетентно.
4. Уште има многу работи од минатото за кои се каете и кои не може да ги преболите и заборавите, а се обвинувате дека животот ќе ви бил подобар, ако сте донесе подобри одлуки.
5. Се чувствувате како да не заслужувате безусловна љубов бидејќи ви е тешко да се сакате самите себе и не гледате како некој друг би ве засакал.
6. Потешко ви е да прифатите комплименти и пофалби бидејќи секогаш размислувате на тоа уште колку имате да достигнете, наместо на тоа колку далеку сте стигнале.
7. Се плашите да им се отворите на луѓето или да ги пуштите во вашиот живот бидејќи не мислите дека некој би останал кога ќе ве запознае вистински.
8. Секогаш правите сè за другите луѓе и се претрупувате со обврски бидејќи се чувствувате виновно ако одбиете некој и мислите дека ќе се свртат против вас.
9. Тоа што секогаш мислите дека можете подобро, прави да се чувствувате лошо и влијае негативно на самодовербата.
10. Не знаете како да бидете љубезни кон себеси. Не знаете како да се релаксирате, како да се вреднувате, или како да си простите.
11. Премногу се грижите и мислите на најлошиот исход од секоја ситуација, бидејќи вашиот мозок е програмиран да ги бира најтешките битки.
12. Им давате шанса на луѓето да се однесуваат лошо со вас или да ве критикуваат бидејќи вие веќе сте само-критично настроени, па кога некој ќе ви го потврди тоа, не застанувате на сопствената страна.
13. Имате проблем со спиењето бидејќи постојано мислите на сè и таквите мисли ве исцрпуваат.
14. Мислите дека тоа што сте строги кон себе ве турка нанапред, но всушност ве враќа назад, бидејќи не знаете да ги цените добрите работи за вас и се држите до мислите кои ве носат надолу.
15. Понекогаш очекувате луѓето да бидат строги со вас, па им дозволувате да ве повредат без ништо да направите.
М. М. | Црнобело