7 тајни на ЦИА, кои обичните граѓани не ги знаат
Народната разузнавачка служба на владата на Соединетите Американски Држави со своите тајни активности отсекогаш е вистинска мистерија за луѓето ширум светот.
Холивудските филмови се преполни со бестрашни агенти од ЦИА (Central Intelligence Agency).
На кој начин оваа организација функционира и на кој начин ги штити граѓаните на Америка отсекогаш било предмет на интерес на луѓето низ целиот свет.
Неколку информации за функционирањето на ЦИА:
Вистина е некаде блиску
Официјалното мото на ЦИА е дека вистината ќе ве ослободи. Мотото е „And you shall know the truth and the truth shall make you free“.
Не се расправа за вкусовите
ЦИА има најразлични начини на испитување на осомничените и обиди за извлекување на информации.
Има гласини дека за време на испрашувањата како мерка на притисок било користено дури и слушањето на албумите на Еминем и Red Hot Chili Peppers.
Агентите ги има низ цел свет
Агентите работат на тајни задачи низ целиот свет, но според наредбите од претседателот на САД, тие не смеат да се мешаат во начинот на решавање на работите во другите земји.
Смеат само да набљудуваат и да собираат податоци.
Огромна тајност
На ЦИА ѝ е дозволено да ја чува во тајност листата со вработени.
Од 1948 година сите приходи и расходи од компанијата се чувани како државна тајна.
Тајно е дури и кафето
Седиштето на ЦИА има свој Starbucks, но тука, за разлика од другите локали низ светот на овој синџир, на кафето не смее да се пишува името на вработените.
Малку историја
Првите разузнавачки агенции во САД биле создадени уште во 1880-тите и функционирале со поинакви имиња.
Оружје
Во 2013 година, ЦИА јавно го призна постоењето на „Area 51“ - огромна локација за тестирање на воена опрема.
С. С. | Црнобело