5 факти за Ирците + одличната ирска теорија за безгрижен живот

Мистичната Ирска има околу 4 милиони жители и неверојатна природа и време е да срушиме некои стереотипи за неа.

5-fakti-za-ircite-plus-odlichnata-irska-teorija-za-bezgrizen-zivot-01.jpg

Што ви паѓа прво на ум кога ќе помислите Ирска? Море од пиво, црвенокоси, леприкони и детелина?

5-fakti-za-ircite-plus-odlichnata-irska-teorija-za-bezgrizen-zivot-09.jpg

Некои интересни факти за Ирска:

Само 10% од Ирците имаат црвена коса

Ирците се познати по црвената огнена коса и убавите жени. Но, процентот на луѓе со природно црвена коса не е толку голем како што мислите.

5-fakti-za-ircite-plus-odlichnata-irska-teorija-za-bezgrizen-zivot-02.jpg

Дракула има ирски корени

Повеќето луѓе легендата за Дракула ја поврзуваат со реален човек од Романија, но некои тврдат дека станува збор за човек кој живеел во Даблин во 15-тиот век.

Avertach бил војвода со многу блед тен, кој постојано ги тероризирал луѓето. Еден ден тие го убиле, но дури двапати станал од гробот и барал да му се плати со крв.

5-fakti-za-ircite-plus-odlichnata-irska-teorija-za-bezgrizen-zivot-03.jpg

Ирска е втора земја на светот по консумацијата на чај

На прво место е Турција, на второ Ирска, а на трето Велика Британија.

5-fakti-za-ircite-plus-odlichnata-irska-teorija-za-bezgrizen-zivot-04.jpg

Празникот Свети Патрик

Фестивали, паради, многу пиво и забава низ целата држава се случуваат за времето на празникот Свети Патрик. Тој се слави на 17-ти март.

Симболи на празникот се детелината со три листа, ирското знаме и леприконите. Вообичаено сите се облечени во зелено на овој ден.

5-fakti-za-ircite-plus-odlichnata-irska-teorija-za-bezgrizen-zivot-05.jpg

5-fakti-za-ircite-plus-odlichnata-irska-teorija-za-bezgrizen-zivot-06.jpg

Нигерија продава повеќе Guinness пиво отколку Ирска

Познатото ирско пиво Guinness се продава речиси во сите земји во светот, а верувале или не, Нигерија е лидерот. Па, така во Нигерија се пие повеќе од ова ирско пиво, отколку во Ирска.

5-fakti-za-ircite-plus-odlichnata-irska-teorija-za-bezgrizen-zivot-07.jpg

Ирска филозофија

Постојат само две работи за кои треба да се грижите – дали сте здрави или болни.

Ако сте здрави, тогаш нема за што да се грижите, но ако сте болни има само две работи за кои треба да се грижите: дали ќе закрепнете или ќе умрете.

Ако закрепнете, тогаш нема за што да се грижите, но ако умрете има само две работи за кои треба да се грижите: дали ќе завршите во рајот или пеколот.

Ако завршите во рајот тогаш нема за што да се грижите, но ако одите во пеколот, тогаш ќе бидете зафатени со поздравување со пријателите така што повторно ќе нема за што да се грижите.

5-fakti-za-ircite-plus-odlichnata-irska-teorija-za-bezgrizen-zivot-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg