10 работи кои би сакале да ги знаеме во тинејџерските денови
Дури сега кога сме малку повозрасни сфаќаме што сакале да кажат нашите родители кога велеле дека средношколските денови се најубавиот период од нашиот живот.
Но, во тоа време сметавме дека тестовите по биологија и физика ни се најголемиот проблем, симпатијата од средно беше „љубовта на нашиот живот“, а да те фатат родителите со цигара во рака – е тоа беше најстрашно од сѐ!
Вака – така, тие денови поминаа, а веројатно поминаа и многу работи за кои денес се каеме што не сме ги направиле во тоа време.
Па, да имате шанса, што би му кажале на своето јас од тинејџерските денови? Доколку не можете да се сетите, погледнете во продолжение – сигурно ќе добиете идеја!
Научи да се грижиш за себе
Кул децата, не се којзнае колку кул
Не вреди да се нервираш за оценки
Ќе се заљубиш повторно
Созревањето не носи одговор на секое прашање
Низ годините ќе ти се промени начинот на размислување
Родителите само се грижат за тебе, не ти се непријатели
Искористи ја секоја нова прилика
Јади десерт кога и да посакаш
Ако чувствуваш „пеперутки во стомакот“ не мора да значи дека си заљубен/а
С. У. | Црнобело