Судбината има друг план: 10 знаци дека не го водите животот за кој сте предодредени
Постојат мноштво начини на кои универзумот ви испраќа порака дали сте на правилниот, или, пак, на погрешниот пат. Сепак, малкумина ги препознаваат, па и понатаму си го трошат времето, правејќи лоши избори. Па, не е никакво изненадување што среќата ги избегнува, колку и да се обидуваат да ја достигнат.
Верувате ли во судбина? А, во сопствениот потенцијал да си ја скроите истата?
Многумина се недоволно свесни за своите капацитети и предиспозиции, па неретко се задоволуваат со далеку помалку од она што тие реално го заслужуваат.
Поточно – со трошките на животот. Меѓутоа, конформизмот има прескапа цена. Од ден во ден, незадоволството е сѐ поголемо. Невозможно е да го прикриете.
Добрата вест? Никогаш не е предоцна да направите промени. Никогаш не е предоцна да бидете најдобрата верзија на себеси. Никогаш не е предоцна да почнете вистински да живеете.
Десетте знаци дека не го водите животот за кој сте предодредени се:
1. Ве следи лоша среќа.
Имате ли чувство како ништо да не ви поаѓа од рака? За што и да се фатите, тоа ви паѓа.
Вратите што на другите им се ширум отворени, вам ви ги трескаат пред нос. Независно од тоа колку напорно се трудите, континуирано сте соочени со отпор и одбивање.
Можеби – среќата ја барате на тотално погрешни места!?
2. Везден се чувствувате потценето.
Не постои човек што барем еднаш во животот не бил „спуштен“ под сопствената вредност.
Луѓето неретко прават погрешни проценки, или, пак, ги земаат „здраво за готово“ туѓите доблести.
Меѓутоа, кога омаловажувањето на вашата личност не е исклучок, туку редовна појава, тоа значи само едно – опкружени сте со сосема поинаква група на ликови одошто треба.
3. Фантазирате за поинаква реалност.
Што би било, кога би било? Нема ни да знаете, ако не пробате.
Постојаното правење сценарија за тоа како денес би ви изгледала сегашноста, ако бевте одбрале различен пат во минатото, можеби е добар знак дека баш таквиот живот е она за што сте предодредени.
Никогаш не е доцна да се обидете.
4. Си го преиспитувате здравиот разум.
Кога сте на вистинскиот пат, нема константно да се анализирате себеси. Напротив. Тогаш знаете што правите и се чувствувате одлично поради тоа.
Во моментот кога ќе почнете да се преиспитувате дали сте луди, или, пак, себични, оддалечете се од сите луѓе и нешта кои ви предизвикуваат такво чувство.
Големи се шансите дека тие ве влечат надолу.
5. Доживувате важни случајности.
Ви се има ли случено да ви пријде сосема непознат лик, давајќи ви до знаење колку сте посебни? Или, пак, некој да ве посоветува дека можеби треба да тргнете по поинаков пат?
Сте имале ли необични случки, кога нешто ве спречило да отидете на местата каде сте тргнале, за да подоцна сфатите дека ова ве спасило од неволја или опасност?
Ништо не е коинциденција. Важните случајности се суптилни знаци дека е време за суштински животни промени.
6. Растргнати сте на сите страни.
По колку различни насоки менувате во секојдневието? Тешко е да се стигне на сите страни, зар не?
И ова може да биде потсвесно „подбуцнување“, коешто ви укажува дека наместо правците, најверојатно е потребно да ги смените брзините, или, пак, дека ја имате надраснато вашата моментална ситуација.
7. Не ви оди со парите.
Мнозинството луѓе поминуваат низ финансиски кризи. Меѓутоа, едно е тежок период, а сосема друго е да останете без денар во џебот.
Ако парите кои еднаш ви биле заштеда, денеска ви се средства за опстанок, неопходно е што поскоро да пронајдете нов правец во животот.
7. Среќавате нови луѓе.
Ширењето на познанства бара време, но е добар знак.
Ако не сте таму каде што треба да бидете, честопати ќе почнат да се појавуваат нови луѓе во вашиот живот, како би ве повеле во поинаква насока.
Ќе ја прифатите ли подадената рака?
9. Не се чувствувате наградено.
Кога сте на вистинскиот пат, тогаш ќе бидете задоволни и со работата што ја имате, луѓето кои се околу вас, како и животот генерално.
Во спротивно, ќе се прашувате како е возможно да не сте „наградени“ на ниту едно поле.
Ако човек го прави она за што е предодреден, признанијата неизбежно ќе пристигнат.
10. Длабоко во себе, знаете дека заслужувате подобро.
Свесни сте и самите. Она што сега го добивате, претставува само тронка од тоа што судбински ви припаѓа.
Прашање на време кога ќе се охрабрите, па смело ќе зачекорите кон промените.
М. А. | Црнобело