Што најмногу сакаат и мразат луѓето во различни периоди од животот?

Дали сте знаеле дека постои апликација на која може да најдете некој кој ја мрази истата работа како вас? Слично на апликации за љубовни состаноци, но малку поразлично.

shto-lugjeto-najmnogu-sakaat-i-mrazat-vo-razlichni-periodi-od-zhivotot-01.jpg

Според 30 милиони одговори на корисниците, кои бирале што сакаат, а што мразат, направено е истражување.

Тоа истражување им помогнало на експертите да направат листа на работи кои луѓето во одредена возраст ги сакаат и ги мразат.

Во повеќето работи, луѓето се слични, но погледнете како отприлика изгледа тоа:

Работи кои ги сакаат 99% од луѓето

  • Италијанска храна подготвена на посебен начин
  • Добри манири и културно однесување
  • Јадење надвор, независно дали е во ресторан или сендвичара

shto-lugjeto-najmnogu-sakaat-i-mrazat-vo-razlichni-periodi-od-zhivotot-02.jpg

Работи кои ги мразат 99% од луѓето

  • Мокри чорапи – ужасно чувство
  • Сува кожа и лупење
  • Влакна и коса во мијалник и када
  • Телемаркетинг

shto-lugjeto-najmnogu-sakaat-i-mrazat-vo-razlichni-periodi-od-zhivotot-03.jpg

Ученици и студенти од 15 до 20 години

На оваа група луѓе најчесто не им е јасно како луѓето може да јадат некои чудни специјалитети и нарачуваат вода или безалкохолни коктели на излегување.

Обично се загрижени ако немаат барем неколку „браќа“ со кои ќе споделуваат сè.

Подготвени се на сè за добра пица, а и сендвич може добро да им дојде. Шетање низ трговски центар е одличен начин да се помине денот со пријатели.

shto-lugjeto-najmnogu-sakaat-i-mrazat-vo-razlichni-periodi-od-zhivotot-04.jpg

Момци и девојки од 20-35 години

Во овој период луѓето почнуваат да забележуваат колку нивниот вкус ќе се промени во наредните 10-15 години и како постепено животот ќе им станува различен.

Веќе не им е дојдено до луди забави, а нарачувањето вода веќе им се гледа како сосема нормално.

Ако добијат покана за луда забава, веројатно некако ќе се извадат со „итна работа“, а ќе ја поминат вечерта во кревет.

Присуството на партнер би било одлично, но не и неопходно, независни сте и важно ви е да имате вистински пријатели.

shto-lugjeto-najmnogu-sakaat-i-mrazat-vo-razlichni-periodi-od-zhivotot-05.jpg

Возрасни мажи и жени од 35 до 40 години

Во овој период, луѓето точно знаат каков е нивниот вкус и што сакаат од животот.

Редовните излегувања со пријатели, откачени фотки, шетање по продавници и сликање за Инстаграм е веќе минато.

Односот со блиските луѓе полека почнува да се лади и работите не се исти како порано, а доколку треба, со задоволство би нарачале безалкохолен коктел и парче добро сирење наместо пица.

shto-lugjeto-najmnogu-sakaat-i-mrazat-vo-razlichni-periodi-od-zhivotot-06.jpg


Секојдневните работи кои ги сакаме или мразиме очигледно е дека зависат од годините.

Желбата за брза храна и динамичен живот исчезнуваат со текот на годините, како и сите работи кои порано сте ги сакале, а сега ве иритираат.

Секако, ова не важи буквално за сите, но е прилично веродостојно за поголем број од луѓето, кои се поистоветуваат со корисниците на оваа апликација.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg